Физички лица > Депозити > Денарски

Депозити

Откриjте ги депозитите кои ги нуди нашата банка


Секој граѓанин што сака да штеди, може својот паричен депозит да го вложи во Банката. Отворање штеден влог се врши со лична карта за домашни лица и со пасош за странски лица во сите експозитури на Банката.

Штедниот влог може да гласи на:
  • име
  • на лице под старателство
Со средствата од штедниот влог може да располагаат:
  • лицето на која гласи штедниот влог
  • ополномоштено лице овластено од вложувачот, законскиот застапник или старател
Штедните влогови можат да бидат:
  • по видување
  • орочени
  • наменски
Каматни стапки за денарски депозити - по видување
По видувањеплатежни сметки 0,00%
штедни влогови 0,00%
Каматни стапки за денарски депозити - со фиксна каматна стапка
1 месец 0,02%
3 месеци 0,05%
6 месеци0,20%
9 месеци0,00%
12 месеци0,80%
13 месеци1,00%
24 месеци1,15%
36 месеци1,40%
60 месеци2,00%
Каматни стапки за денарски депозит - со променлива каматна стапка
6 месеци *0,00%
9 месеци *0,00%
12 месеци *0,60%
13 месеци *0,70%
15 месеци *0,00%
18 месеци *0,00%
24 месеци *1,30%
36 месеци *1,60%
48 месеци *1,70%
60 месеци *1,80%

За постојните депозити при повторно орочување на истите средства или при пренесување на средствата од по видување во ороченисо рочности на 13, 24 и 36 месеци во МКД, Банката нуди стимулативен додаток на номиналната каматна стапка кој се движи до 2,3%. За повеќе информации потребно е да се обратите во најблиската експозитура на Силк Роуд Банка.

За предвремено разрочување на договор за депозит со месечна исплата на камата, депонентот е должен да ја врати исплатената месечна камата на Банката, во спротивно, Банката истата ќе ја одбие од депозитот.

Каматните стапки се важечки од 15.07.2024.
Производите обележани со (*) се суспендирани, каматните стапки се важечки само за постоечките орочени депозити.

Штедните влогови се осигурани во Фондот за осигурување на депозити Скопје.
Согласно договорот, каматните стапки се фиксни.
Пресметката на каматата е според пропорционална метода.
Минимален износ за орочувања: МКД 6.000,00, освен за депозити орочени на 13 месеци, каде минимален износ е МКД 15.000,00.
Банката го задржува правото да ги менува условите без претходна најава.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.