Физички лица > Мобилно банкарство

Мобилно банкарство


Mобилна апликација за Андроид (Android) и ИОС (iOS) од Силк Роуд Банка, која ќе Ви овозможи едноставен и брз пристап до Вашата банкарска сметка. Преземете ја апликацијата Мобилно Банкарство, пополнете барање во најблиската експозитура и бидете во тек со најновите трендови во банкарското работење.

Предност на оваа апликација е тоа дека повеќе не сте врзани за работното место или за компјутерот.Aпликацијата Мобилно Банкарство е во Вашиот телефон и Ве следи насекаде каде и да одите, па слободно можете да ги вршите сите трансакции - во движење!

ПРЕДНОСТИ И ПОВОЛНОСТИ
  • пристапете до Вашите банкарски услуги и производи, на брз и едноставен начин;
  • бесплатно пристапете до Вашето портфолио, каде и да сте;
  • пониски трошоци за извршени трансакции.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА ОД Apple Store / Google Play Store И Huawei AppGallery:
  • добијте информации за Вашите тековни сметки и кредити;
  • проверете ги состојбата и трансакциите на Вашите сметки;
  • плаќајте ги Вашите сметки;
  • бесплатни интерни плаќања;
  • добивајте информации за курсни листи;
  • лоцирајте ја најблиската ескпозитура или банкомат на Силк Роуд Банка.

НОВ ПАКЕТ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
  • Плати брзо (Префрлете пари на ваш пријател од списокот со контакти во телефонот, само со еден клик.);
  • Трансакции со QR код (Може да ги извршите вашите плаќања и трансакции со скенирање на QR-код покрај плаќањето со ОТП лозинка);
  • Push нотификации (Брза, лесна и многу безбедна функционалност. Најава и потврда со еден клик за нови трансакции со push нотификација директно на вашиот телефон. Само потврдете го известувањето за да го извршите плаќањето.);
ИНФОРМАЦИИ САМО СО ЕДЕН ДОПИР
Со само едно кликнување, Вие веднаш ги добивате сите информации поврзани со Вашата сметка, комплетен увид на сите услуги, секогаш кога Вам Ви се потребни!

ТРАНСАКЦИИ ВО ДВИЖЕЊЕ
Апликацијата Мобилно Банкарство Ви овозможува брзи и безбедни банкарски трансакции во секое време, плаќање налози онлајн и други плаќања во домашен платен промет, кога Вам Ви одговара, каде и да сте!

АРХИВА НА ВАШАТА СМЕТКА
Со апликацијата Мобилно Банкарство, сите минати состојби на Вашата сметка се архивираат, со што Вие имате целосен увид во Вашата сметка на екранот на Вашиот смарт-телефон.

БАНКАРСКИ СЕРВИСИ
Во секое време добивајте и услуги од сервисен карактер, како што се информации за курсните листи, што дополнително оди во прилог на Вашите онлајн трансакции во земјата.


  Политика за приватност



Пристапот до апликацијата и до сите услуги, зависи од типот на интернет-конекцијата на Вашиот мобилен уред.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.