Физички лица > Хартии од вредност

Хартии од вредност

Согласно потребите, правните и физичките лица во Силк Роуд Банка АД Скопје може да учествуваат на:
  • Примарен пазар на хартии од вредност
  • Секундарен пазар на хартии од вредност

ПРИМАРЕН ПАЗАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Примарниот пазар на хартии од вредност го организира Министерството за финансии и се однесува на учество на аукции за издавање на:
  • државни записи и
  • државни обврзници

СЕКУНДАРЕН ПАЗАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Секундарниот пазар на хартии од вредност се однесува на купување односно продавање на веќе издадените државни записи и државни обврзници.

На секундарниот пазар, во Банката заинтересираните може:
  • да ги продадат државните записи и државните обврзници што ги поседуваат
  • да купат државни записи и државни обврзници што ги поседува Банката

УЧЕСТВО НА АУКЦИИ
Учеството на аукциите за државни записи и државни обврзници, Силк Роуд Банка АД Скопје го врши во функција на овластен директен учесник при што Банката во свое име, а за сметка на индирекните учесници (домашни и странски правни и физички лица) учествува на организираните аукции.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За учество на аукциите на државни записи и државните обврзници, заинтересираните е потребно да пополнат
Образец – Барање за купување на државни записи или
Образец – Барање за купување на државни обврзници.

Покрај навременото доставување на Барањето до Банката, потребно е заинтересираните да го уплатат на сметка на Банката:
  • Дисконтираниот износ на бараните државни записи доколку учествува на аукцијата на државни записи
  • Номиналниот износ на бараните државни обврзници доколку учествува на аукцијата на државни обврзници


За неуспешните учества на аукциите (кога клиентот нема позитивни резултати на аукциите), Банката не наплатува провизија.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.