Физички лица > Платежни услуги во странство

Платежни услуги во странство

Платежни услуги во странство



Од своето основање во 1993 година Банката има овластување за вршење на платежни услуги со странство. Коминтенти на Банката: резиденти, нерезиденти, домашни и странски банки.

Инструменти на платежни услуги со странство
  • Дознаки
    • лоро(приливи)
    • ностро (одливи)
  • Чекови
    • чекови на инкасо
    • патнички чекови
    • пензионерски чекови

Налозите за плаќање се извршуваат истиот ден кога се примаат, со валута на извршување следниот работен ден.
Cut off time (краен рок за достава на налози за плаќање со валута истиот ден) 13,30 часот. Платниот промет со странство се реализира преку мрежата на SWIFT.
Термински план
Прием на налози
од понеделник до петок (8:30-16:00)

Девизен пазарод понеделник до петок (8:30-16:00)





Налози примени до 15:00 часот
Датум на валута - тековен ден 





Налози примени по 15:00 часот
Датум на валута - следен работен ден




НАПЛАТИ ОД НЕРЕЗИДЕНТИ



Известување за пристигната наплата
Силк Роуд Банка АД Скопје ќе ве извести за пристигнатата наплата со образец 743, истиот или најдоцна наредниот работен ден од денот на одобрување на средствата од банката на налогодавачот, по ел. пошта или телефон. Ако Силк Роуд Банка АД Скопје не може да ве контактира по ел. пошта или телефон, ќе ви биде испратено писмено известување за пристигнатата наплата по препорачана пошта.
Распоред на наплата
Должни сте во рок од 5 (пет) работни дена од денот на известувањето да доставите во експозитура на Силк Роуд Банка АД Скопје пополнет образец 743 во делот II.
Доколку имате дадено генерално овластување на Силк Роуд Банка АД Скопје за потпишување на образецот 743 во ваше име и за ваша сметка, должни сте во истиот рок да доставите писмена информација за видот на кредитниот трансфер и бројот на тековната сметка на која треба да се одобри наплатата.
Задолжителни документи според видовите трансакции
  • документ за извршен упис во Регистарот на директни инвестиции при ЦР на РМ за наплата на дивиденди и други добивки од вложување на резидент во странство или повлекување влог
  • документ за извршен упис во Регистарот на недвижности на резиденти во странство при ЦР на РМ за наплата врз основа на продажба на недвижности во странство во сопственост на резидент или наплата на доход од недвижноста
  • документ за извршена пријава до Комисијата за хартии од вредност за наплата врз основа на издавање и воведување домашни хартии од вредност во странство;
  • кредитна пријава од НБРМ за наплата на главнина и камата по одобрени кредити на нерезиденти
  • документ за привремен престој на физички лица или дозвола од НБРМ за отворање сметка во странство за правни лица за пренос на средства од сметка на резидент во странска банка на негова сметка во домашна банка.

Потребно време за одобрување на сметка на банката на нерезидентот
Силк Роуд Банка АД Скопје ќе ја одобри тековната сметка на корисникот на наплатата истиот или најдоцна наредниот работен ден од денот на доставување на сите потребни податоци и документи.

КРЕДИТЕН ТРАНСФЕР НА НЕРЕЗИДЕНТИ



Извршување на кредитен трансфер
Силк Роуд Банка АД Скопје ќе го изврши кредитниот трансфер врз основа на уредно поднесен налог истиот или најдоцна наредниот работен ден. Во спротивно, налогот ќе ви биде вратен или ќе бидете известени најдоцна наредниот работен ден од денот на доставувањето.
Под уреден налог се подразбира:
  • налог даден на пропишан образец 1450 или 1451, кој е правилно пополнет со сите потребни податоци (назив и адреса на корисникот, сметка или IBAN на корисникот, SWIFT на банката на корисникот, износ и валута на кредитниот трансфер и основ) и заверен
  • со кој е приложен документ од кој може да се види обврската и основот за кредитниот трансфер
  • за кој е обезбедено денарско или девизно покритие кај Силк Роуд Банка АД Скопје.

Задолжителни документи според видовите трансакции
  • тековни трансакции – ЕЦД, договор, фактура, профактура или друг документ
  • документ за упис во Регистар на директни инвестиции при ЦР на РМ - за кредитен трансфер на дивиденди и други добивки од вложувања на нерезиденти во РМ, како и пренос од ликвидациона маса и за повлекување капитал на нерезидент од продажба на акции или удели во домашно друштво на резидент, ако вложувањето има третман на директна инвестиција
  • договор за вложување (за друштво со мешовит капитал) или акт за основање (целосна сопственост на резидент) заверени на нотар или извештај за склучен кредитен трансфер од брокерска куќа - за вложувања од резидент во акции и удели на странски друштва над 10%
  • извештај за склучен кредитен трансфер од брокерската куќа – плаќање на купени странски сопственички и должнички хартии од вредност, портфолио инвестиции;
  • договор или друг документ – за кредитен трансфер на купени недвижности во странство
  • документ за извршен упис во регистарот на недвижности на нерезиденти во РМ при ЦР на РМ – за плаќање на купена недвижност во РМ која ја поседувал нерезидент, како и плаќање на доход од недвижноста во сопственост на нерезидент
  • кредитна пријава од НБРМ – за кредитен трансфер на главнина и камата по земени кредити од нерезиденти
  • договор со нерезидент – за останати кредитни работи (освен за кредитен трансфер на главнина и камата по земени кредити од нерезиденти)
  • соодветен документ заверен на нотар или иселеничка или работна виза – за еднострани лични трансфери на средства над ЕУР 2.500,00
  • документ – одобрение од НБРМ – за пренос на средства од сметка на резидент во домашна банка на негова сметка во странска банка
  • извршна исправа – за кредитен трансфер на извршна исправа
  • налог од извршување од извршител и извршна исправа – за присилен кредитен трансфер на извршно решение
  • доказ од надлежен орган дека се платени сите даноци и придонеси кон РМ за соодветниот капитален кредитен трансфер.

Потребно време за одобрување на сметка на банката на нерезидентот
Силк Роуд Банка АД Скопје ја одобрува банката на нерезидентот со валута на кредитен трансфер истиот или најдоцна наредниот работен ден од денот на извршувањето на налогот.





Курс кој Силк Роуд Банка АД Скопје го применува при извршување на трансакциите
Силк Роуд Банка АД Скопје откупува и продава девизни средства по куповен односно продажен курс од Курсната листа која важи на денот на купопродажбата.

Висина на надоместокот и останатите трошоци за извршените трансакции
Силк Роуд Банка АД Скопје пресметува и наплатува провизија и трошоци, согласно Тарифата на надоместоци објавена на веб-страницата на банката
За приливи се наплатува:
  • провизија на Силк Роуд Банка АД Скопје; и
  • провизија на банката на налогодавачот или коресподентска банка, доколку е наведено во SWIFT пораката.
  • Провизијата се наплатува веднаш при распоред на наплатата.
За плаќања се наплатува:
  • провизија на Силк Роуд Банка АД Скопје; и
  • SWIFT трошок.
  • Провизијата се наплатува пред извршување на плаќањето.

Документи потребни за отварање на девизна сметка на резиденти
Банката на резидентите - физички лица може да им отвори само една девизна сметка. Во прилог на барањето за отварање на девизна сметка се доставуваат фотокопии и оригинали на увид од следниве документи:
Документи потребни за отварање на девизна сметка на нерезиденти
Банката на нерезидентите - физички лица може да им отвори само една девизна и една денарска сметка.
Банката може да отвори сметка на барање на нерезидент физичко лице кое физички не е присутно во Банката, врз основа на дадено овласување заверено кај овластено лице (Нотар), само во случаи кога лицето:
  • Има денарски побарувања
  • Се стекнува со наследство на парични средства
  • Доколку е истечен пасошот на веќе отворената сметка истата се затвара.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.