Физички лица > Електронско банкарство

Електронско банкарство

Електронско банкарство

Системот за електронско банкарство за физички лица на Силк Роуд Банка има модерен и софистициран изглед, односно нуди нови, совршени и подобрени функционалности. Системот на електронско банкарство е со современ и интуитивен дизајн прилагоден за вашите потреби за брзо,едноставно и ефикасно користење на банкарски услуги без потреба за посета на експозитурите на Банката и чекање во ред на шалтер. Електронското банкарство на Силк Роуд Банка ви овозможува 24/7 преглед во состојба на Вашата трансакциска или штедна сметка, преглед на кредити и картички, можност за вршење плаќања во земјата и странство и менувачница. Услугата Ви е достапна од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, независно од работното време на Банката, да управувате со Вашите трансакции 24 часа на ден. Користејќи ги услугите на Електронско банкарство, Вие сте сигурни дека имате највисоко ниво на безбедност за заштита на Вашите сметки и лични податоци, како и пониски трошоци од редовните.

Електронското банкарство на Силк Роуд Банка за физички лица овозможува: 

  • Преглед на состојбата и прометот на платежни сметки
  • Преглед на состојбата на платежни картички и кредити
  • Преглед на состојбата на депозити
  • Менувачко работење - конверзија од една во друга валута
  • Плаќање на обврски за кредитни картички
  • Плаќање на девизни налози
  • Плаќање кон сите физички и правни лица со образец ПП30 и ПП50
  • Плаќање со образец ПП53
  • Можност за плаќање на налози со иден датум
  • Можност за експортирање на сите прегледи/извештаи во соодветен формат
Сите постојни и нови корисници физички лица на системот на електронско банкарство, потребно е да го активираат својот профил на електронско банкарство преку следниот линк https://silkroad.24x7.com.mk/Retail/Account/Login.
Нов корисник доколку поседува активна дебитна картичка од Силк Роуд Банка АД Скопје, има можност да аплицира online за електронско банкарство на следниот линк https://secure.24x7.com.mk/enrollment_silkroad/mk-MK/Retail/ResetAccountпреку внесување на основните податоци за идентификација и регистрирање како корисник на услугата.
Нов корисник доколку не поседува дебитна картичка на Силк Роуд Банка АД Скопје, потребно е да ја посети најблиската експозитура на Банката и да пополни Пријава(апликација) за електронско банкарство со која ќе добие корисничко име и активациски код за активирање на кориснички профил и најава на следниот линк https://silkroad.24x7.com.mk/Retail/Account/Login.

Следејќи ја определбата на банката, клиентите во центарот на вниманието, Силк Роуд Банка ви укажува на одредени сигурносни аспекти и препораки кои треба да ги применувате при користење на електронските услуги на банката. Сигурносните препораки за електронска комуникација со Силк Роуд Банка може да ги погледнете на следниот линк.

 

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.