Физички лица > Моја Плата
Моја Плата

Производот Моја плата е трансакциска сметка на која ја примате платата или пензијата во Силк Роуд Банка АД Скопје. Моја плата Ви нуди посебни услови и погодности, и тоа:
- Дозволено пречекорување
- Каматна стапка на позитивното салдо на трансакциската сметка
- Привилегирани приспособливи каматни стапки за производите за население (потрошувачки, автомобилски и станбени кредити)
- Visa Electron Point / American Express Point дебитна картичка – со отворање на трансакциската сметка
- 50% намалување на годишната провизија за сефови
- Електронско Банкарство – пасивно (без надоместок), активно (со надоместок согласно со тарифата на Банката)
ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ
Револвинг кредитна линија на трансакциската сметка преку која клиентот ја прима платата или пензијата и се користи за покривање краткорочни потреби за готовина.- Износ - две месечни рати, максимум МКД 200.000
- Каматна стапка - 10.5%* годишна се пресметува искористениот дел
- Рок - 12 месеци со можност за автоматско пролонгирање
На износот што го надминува дозволеното пречекорување и на доспеаниот и ненаплатен износ се пресметува и се наплатува законска казнена камата.
КРЕДИТНИ КРИТЕРИУМИ
- Барателот да биде во редовен работен однос минимум 12 месеци, од кои најмалку 6 месеци кај сегашниот работодавач
- За трговци-поединци, сопственици на мали претпријатија, самостојни вршители на дејност т.е. адвокати, нотари, извршители и др - минимум 3 години во истата дејност
- Учеството на вкупните месечни задолжувања во вкупните месечни примања да изнесува најмногу 40%
- Кредитобарателот да не биде постар од 70 години при доспевање на дозволеното пречекорување
Каматната стапка е променлива во согласност со Одлуката за каматни стапки на Силк Роуд Банка АД Скопје. |