Ваше мислење

ВАШЕ МИСЛЕЊЕ
Силк Роуд Банка посветува особено значење на обезбедување квалитет за своите клиенти. Креирање производи и давање услуги со висок квалитет е приоритет во нашето работење. Вашето мислење ни е драгоцено и ни помага секојдневно да се подобруваме и да работиме напорно за исполнување на потребите на нашите клиенти.Секоја сугестија, поплака или предлог придонесува за подобар квалитет. Затоа, за нас е исклучително важно да знаеме дали сме успеале да ги исполниме Вашите очекувања или се соочувате со тешкотии користејќи ги производите и услугите на Банката.
Вашата поплака или коментар можете да ја доставите на следниот начин:
*Со пополнување на Формуларот за поплака/коментар
*По електронска пошта на kvalitet@silkroadbank.com.mk
*Едноставно обратете се до која било експозитура на Банката,нашите вработени ќе се погрижат за вас.