Правни лица > Платежни услуги во странство

Платежни услуги во странство

Платежни услуги во странство



Силк Роуд Банка нуди платежни услуги од областа на платениот промет со странство.

За потребите од отворање девизна платежна сметка со резиденти-правни лица, се доставува истата документација како и за потребите на денарска платежна сметка..


Инструменти на платниот промет со странство
  • Плаќања
    • лоро(приливи)
    • ностро (одливи)
  • Акредитиви
    • Неконфирмирани
    • Конфирмирани 
    • Stand by
  • Гаранции
    • Плативи
    • Чинидбени
    • Авансни
    • Лицитациони
  • Инкаса
    • Лоро и Ностро


Термински план
Прием на налози од понеделник до петок (8:30-16:00)
Девизен пазарод понеделник до петок (8:30-16:00)





Налози примени до 15:00 часотДатум на валута - тековен ден 


Налози примени по 15:00 часотДатум на валута - следен работен ден 



Преку дигитални канали приемот на налози се врши со итите термини


Активностите од платежните услуги со странство се вршат согласно Законот за девизно работење, Законот за платежни услуги и платни системи, Одлуката за начинот на вршење на платниот промет со странство и Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство, како и останатата законска и подзаконска регулатива.



НАПЛАТИ ОД НЕРЕЗИДЕНТИ



Известување за пристигната наплата
Силк Роуд Банка АД Скопје ќе ве извести за пристигнатата наплата со образец 743, истиот или најдоцна наредниот работен ден од денот на одобрување на средствата од банката на налогодавачот.
Распоред на наплата
Корисникот на средсва во рок од 5 (пет) работни дена од денот на известувањето е потребно да достави во експозитура на Силк Роуд Банка АД Скопје пополнет II дел од образец 743 Доколку имате дадено генерално овластување на Силк Роуд Банка АД Скопје за потпишување на образецот 743 во ваше име и за ваша сметка, потребно е во истиот рок да доставите писмена информација за видот на трансферот и бројот на платежна сметка на која треба да се одобри наплатата.

КРЕДИТЕН ТРАНСФЕР НА НЕРЕЗИДЕНТИ



Извршување на кредитен трансфер
Силк Роуд Банка АД Скопје ќе го изврши кредитниот трансфер врз основа на уредно поднесен налог истиот или најдоцна наредниот работен ден. 
Под уреден налог се подразбира:
  • налог даден на пропишан образец 1450 или 1451, кој е правилно пополнет со сите потребни податоци (назив и адреса на корисникот, сметка или IBAN на корисникот, SWIFT на банката на корисникот, износ и валута на кредитниот трансфер и основ) и заверен
  • со кој е приложен документ од кој може да се види обврската и основот за кредитниот трансфер
  • за кој е обезбедено денарско или девизно покритие кај Силк Роуд Банка АД Скопје.
  • .





Курс кој Силк Роуд Банка АД Скопје го применува при извршување на трансакциите
Силк Роуд Банка АД Скопје откупува и продава девизни средства по куповен односно продажен курс од Курсната листа која важи на денот на купопродажбата.

Висина на надоместокот и останатите трошоци за извршените трансакции
Силк Роуд Банка АД Скопје пресметува и наплатува провизија и трошоци, согласно Тарифата на надоместоци објавена на веб-страницата на банката
За приливи се наплатува:
  • провизија на Силк Роуд Банка АД Скопје; и
  • провизија на банката на налогодавачот или коресподентска банка, доколку е наведено во SWIFT пораката.
За кредитен трансфер се наплатува:
  • провизија на Силк Роуд Банка АД Скопје; и
  • SWIFT трошок.

Документација потребна за отворање на девизна сметка на резиденти - правни лица:
  • Барање за отворање на девизна сметка - образец на Банката
  • Апликација за овластени потписници за располагање со средствата на сметката - образец на Банката
  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент
  • Решение од ЦР/тековна состојба не постара од 3 месеци
  • Заверени потписи на лица овластени за застапување (ЗП образец)
  • За лица овластени за отворање и работа со сметка - писмено овластување потпишано од застапникот по закон и лична исправа на лицето што се овластува
  • Фотокопија на документи за идентификација на лица овластени за работа со сметката
  • Договор склучен со банката.
Документација потребна за отворање на девизна сметка на нерезиденти - правни лица:
  • Барање за отворање на сметка - образец на Банката
  • Барање за отворање на сметка на меморандум на правното лице
  • Извод од трговски или друг регистар во матичната земја не постар од три месеци
  • Полномошно за овластено лице за отворање или работа со сметката
  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент
  • Документи за идентификација на овластени лица
  • Договор склучен со банката. 

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.