Правни лица > Електронско банкарство
Електронско банкарство

Електронско банкарство
Почитувани клиенти,
Задоволство ни е да ве
информираме дека пуштена е во употреба нова верзија на системот за електронско
банкарство за правни лица на Силк Роуд Банка која има модерен и софистициран
изглед односно нуди нови, совршени и подобрени функционалности.
Сите
постоечки корисници правни лица на системот на електронско банкарство
потребно е преку следниот линк https://silkroad.24x7.com.mk/Corporate/ да се најавите на електронско банкарство
со Вашиот пин од постоечкиот Дигитален сертификат.
Сите нови корисници
правни лица на системот на електронско банкарство имаат можност за користење
на апликацијата електронско банкарство со дигитален сертификат или
со Корисничко име и лозинка (ова е нова функционалност
се со цел задоволување на потребите на клиентите). За најава со
корисничко име и лозинка, потребно е да ја посетите најблиската Експозитура на Банката
и да пополните Апликација за електронско банкарство со која ќе добиете
корисничко име и активациски код за активирање на Вашиот кориснички профил и
најавата ќе биде преку следниот линк: https://silkroad.24x7.com.mk/Corporate/ .
При
пристап до новата веб апликација имате две опции за пристап:со корисничко име и
лозинка или со дигитален сертификат.Доколку се најавувате со токен со
сертификат на апликацијата,само при првото пристапување од Вас ќе биде побарано
да инсталирате компонента за употреба на дигитален потпис.Инсталацијата е
едноставна и интуитивна, а самата инсталација Ве води низ неколкуте чекори за
инсталација.
Новиот систем на електронско банкарство е со современ и
интуитивен дизајн прилагоден на вашите потреби за брзо, едноставно и ефикасно
користење на банкарски услуги без потреба за посета на експозитурите на Банката
и чекање во редови на шалтер.
Новина
во надградениот систем за електронско банкарство претставува мобилната
апликација односно можноста за преглед и/или вршење плаќања преку мобилен
телефон. За подетални информации во врска со оваа услуга како и можност за
имплементација и активација ќе следи дополнително известување и потребно е да
ја посетите најблиската експозитура на Банката.
Електронското банкарство на Силк Роуд Банка ви
овозможува 24/7 преглед во состојбата на Вашата трансакциска или штедна сметка,
преглед на кредити и бизнис картички, распределба на девизни приливи, можност
за вршење плаќања во земјата и странство и менувачница.
Услугата Ви е достапна од дома, од канцеларија или од
било кое место со пристап до интернет, независно од работното време на Банката,
да управувате со Вашите трансакции 24 часа на ден.
Користејќи ги услугите на Електронско банкарство Вие сте
сигурни дека имате највисоко ниво на безбедност за заштита на Вашите сметки и
лични податоци, како и пониски трошоци од редовните.
Со цел
правните лица да имаат можност да ги увидат новите унапредени функционалности и
дизајн на апликацијата, Банката воведе промотивен период за сите нови правни
лица на кои нема да им се наплаќа месечен надомест за користење на системот,
односно сите постоечки правни лица ги задржуваат истите провизи како и досега,
а новите провизии ќе бидат имплементирани од 01/10/2021 година.
Следејќи ја определбата на банката, клиентите во центарот на вниманието, Силк Роуд Банка ви укажува на одредени сигурносни аспекти и препораки кои треба да ги применувате при користење на електронските услуги на банката.
Сигурносните препораки за електронска комуникација со Силк Роуд Банка може да ги погледнете на следниот линк.
Со почит,
Силк
Роуд Банка АД Скопје