Правни лица > Платен промет во земјата
Платен промет во земјата

Платен промет во земјата
Силк Роуд Банка АД Скопје обезбедува сигурен, брз и ефикасен платен промет на сите учесници во платниот промет - клиенти на Банката и овозможува извршување на денарски платни трансакции.
Силк Роуд Банка АД Скопје, како носител на платниот промет, плаќањата во денари ги извршува преку:
- интерен платен промет (безготовински плаќања помеѓу клиентите на Банката и помеѓу клиентите и Банката, како и уплати и исплати на готовина); и
- екстерен односно меѓубанкарски платен промет (безготовински плаќања помеѓу клиентите на различни банки).
Меѓубанкарскиот платен промет се извршува преку два система на порамнување:
- МИПС - Македонски интербанкарски платен систем кој се користи за извршување на итни плаќања и плаќања над МКД 1.000.000,00; и
- КИБС - Клириншки интербанкарски систем кој се користи за извршување на плаќања до и еднакви на МКД 1.000.000,00.
- трансакциски денарски сметки кај повеќе носители на платниот промет; и
- повеќе трансакциски денарски сметки кај еден носител на платен промет.
Опис на услугата на Банката | Прием на налог |
Уплата/исплата од сметка | од 08.30 до 16.00 часот |
Извршување на интерни налози | од 08.30 до 16.30 часот |
Извршување на налози преку КИБС | од 08.30 до 14.00 часот |
Извршување на налози преку МИПС | од 08.30 до 16.00 часот |
Отворање на денарска трансакциска сметка
Отворање на сметки на домашни правни лица и на домашни физички лица кои вршат регистрирана дејност се врши врз основа на следната документација:- Решение за упис во трговскиот регистар, односно во регистар на надлежен орган на РМ (ако уписот во регистар е пропишан со закон)
- Акт од надлежен орган за основање (ако учесникот не е запишан во регистар).
- Извод од законот (ако учесникот е основан согласно закон).
- Решение од надлежен суд за отворање на стечајна или ликвидациска постапка.
- Пријава на овластени потписници за располагање со средствата на сметката, со потпис и печат со кои ќе се заверуваат платните инструменти и лична исправа на лицето кое се овластува (ЗП образец).
- Изјава за прифаќање и реализација на акцептни налози издадени заклучно со 30 јуни 2001 година (за лица кои обавувале дејност пред 2002 година), и
- Доказ дека сметката е пренесена од Министерството за финансии - Управа за јавни приходи (за лица кои не мигрирале во 2001 година од ЗПП).
Документацијата се доставува во Банката во оригинал или копија заверена на нотар за проверка на податоците, по што Банката задржува копија од документите и ги чува трајно во својата архива.
Банката задржува и копија од личните карти на управителот и потписниците на сметката. При отворање втора или секоја наредна сметка, клиентот на Банката ги поднесува документите за отворање сметка само во случај кога има промена на истите.
Заедно со горенаведените документи, учесникот во платниот промет потпишува во Банката и:
- еден примерок од Барањето за отворање, промени и затворање на сметка кај Силк Роуд Банка АД Скопје, и
- два примерока од Апликација на овластени лица за располагање со средствата на сметката потпишани од управителот (или овластено лице) на правното лице и заверени со печат на правното лице.
Учесникот во платниот промет е должен писмено да ја извести Банката за сите настанати статусни и други промени најдоцна во рок од три дена од денот на настанатите промени.
Барање
Апликација за овластени потписници
Апликација за идентификација и ажурирање
Извршување на плаќања
Плаќањата се извршуваат од сметката на клиентот до висината на покритието на неговата сметка во моментот на спроведувањето на платниот инструмент. Клиентот може да одреди приоритет на извршување на платните инструменти што ги доставува во Банката за извршување.Платниот инструмент задолжително е потпишан од страна на овластените потписници на сметката, согласно Пријавата на овластени лица за располагање со средствата на сметката.
Безготовинските плаќања се извршуваат со доставување:
- на шалтерите на Банката, за платни инструменти во хартиена форма
- преку електронско банкарство.
Видови на платни инструменти
Платен инструмент претставува однапред утврден образец со единствена форма и содржина.- уплатница - образец ПП10
- налог за исплата на готовина - образец ПП40
- уплатница за исплата на готовина - образец ПП41
- налог за пренос - образец ПП30
- збирен налог за пренос - образец ПП31 (на товар на еден налогодавач во полза на еден примач по повеќе основи)
- збирен налог за пренос - образец ПП32 (на товар на еден налогодавач во полза на повеќе примачи)
- налог за плаќање на јавни приходи - образец ПП50
- збирен налог за плаќање на плата на товар на сметка на еден налогодавач во полза на повеќе примачи - образец ПП53.
Користење на приливи
Сите приливи на сметките на клиентите на Банката можат да се користат веднаш по нивното пристигнување.Приливите можат да бидат:
- интерни приливи (од сметка на депонент или од сметка на Банката)
- приливи преку КИБС или МИПС (приливи од други банки или институции).
Интерните приливи и приливи преку МИПС пристигнуваат во текот на целиот работен ден и се на располагање веднаш по нивното пристигнување. Приливите преку КИБС пристигнуваат по завршување на порамнувањето (по 15:00 часот).