Физички лица > СМС услуга
СМС услуга
СМС УСЛУГА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА НА СИЛК РОУД БАНКА
СМС услугата е информациска услуга на Банката, која им овозможува на имателите на дебитните платежни картички (VISA Classic и Аmerican Express Point) издадени од страна на Силк Роуд Банка, да добиваат СМС известувања за прометот на своите сметки на нивниот мобилен телефон. Банката испраќа пораки за промените настанати на сметките на дебитните платежни картички (VISA Classic и Аmerican Express Point), по поединечна трансакција, на мобилниот телефон на корисникот на услугата наведен во барањето за користење на услугата.
Корисник на СМС услугата може да биде секое физичко лице кое поседува:
- дебитна картичка VISA Classic и/или Аmerican Express Point
- трансакциска сметка во Банката;
- Број на мобилен телефон во мрежата на овластените мобилни оператори на територијата на Р. Македонија.
ПРЕДНОСТИ НА СМС УСЛУГАТА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
- следење на прометот на картичката 24 часа во денот
- заштита/безбедност од повеќекратно реализирање на иста трансакција
- спречување на злоупотреба на картичката
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА СМС УСЛУГАТА
Пополнетото Барање за користење на услугата заедно со потребната дополнителна документација можете да го доставите во најблиската експозитура на Силк Роуд Банка.