Правни лица > Хартии од вредност
Хартии од вредност
Согласно потребите, правните и физичките лица во Силк Роуд Банка АД Скопје може да учествуваат на:
На секундарниот пазар, во Банката заинтересираните може:
- Примарен пазар на хартии од вредност
- Секундарен пазар на хартии од вредност
ПРИМАРЕН ПАЗАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Примарниот пазар на хартии од вредност го организира Министерството за финансии и се однесува на учество на аукции за издавање на:- државни записи и
- државни обврзници
СЕКУНДАРЕН ПАЗАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Секундарниот пазар на хартии од вредност се однесува на купување односно продавање на веќе издадените државни записи и државни обврзници.На секундарниот пазар, во Банката заинтересираните може:
- да ги продадат државните записи и државните обврзници што ги поседуваат
- да купат државни записи и државни обврзници што ги поседува Банката
УЧЕСТВО НА АУКЦИИ
Учеството на аукциите за државни записи и државни обврзници, Силк Роуд Банка АД Скопје го врши во функција на овластен директен учесник при што Банката во свое име, а за сметка на индирекните учесници (домашни и странски правни и физички лица) учествува на организираните аукции.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За учество на аукциите на државни записи и државните обврзници, заинтересираните е потребно да пополнатОбразец – Барање за купување на државни записи или
Образец – Барање за купување на државни обврзници.
Покрај навременото доставување на Барањето до Банката, потребно е заинтересираните да го уплатат на сметка на Банката:
- Дисконтираниот износ на бараните државни записи доколку учествува на аукцијата на државни записи
- Номиналниот износ на бараните државни обврзници доколку учествува на аукцијата на државни обврзници
За неуспешните учества на аукциите (кога клиентот нема позитивни резултати на аукциите), Банката не наплатува провизија.