Физички лица > Депозити > Прогресивен
Депозити

Откриjте ги депозитите кои ги нуди нашата банка
Зголемувајте го Вашиот приход секој месец! Уживајте во слободата!
Сега е моментот да отворите сметка за Вашиот нов Прогресивен депозит и да ги искористите извонредните услови што Ви ги нуди Силк Роуд Банка. Вложете ги Вашите пари за период од 12 месеци и добивајте камата која прогресивно расте секој месец. Исто така на крајот на секој месец можете слободно да ја подигате каматата, без провизија!
Со новиот 12-месечен Прогресивен депозит, користете ги сите погодности од Вашиот депозит:
- Фиксна, однапред одредена каматна стапка, која расте до 1,80% за МКД и до 0,90% за ЕУР депозит
- Можност за повлекување на каматата секој месец, без провизија
- Доколку Ви се потребни средствата, можете предвремено да го разрочите целиот депозит, без плаќање казнени поени
- Минимален влог за орочување од ЕУР 500 или МКД 30.000 - без максимален лимит
Каматните стапки се важечки од 01.04.2021. Посетете која било експозитура на Силк Роуд Банка и веднаш искористете ги предностите на Прогресивниот депозит!
Банката го задржува правото да ги менува условите без претходна најава.