Физички лица > Платежни услуги во земјата

Платежни услуги во земјата

Платежни услуги во земјата


Силк Роуд Банка АД Скопје обезбедува сигурена, брза и ефикасна платежна услуга на сите учесници во платниот промет - клиенти на Банката и овозможува извршување на платежни услуги.

 

Силк Роуд Банка АД Скопје, како давател на платежни услуги,  извршува платежни трансакции засновани на кредитен трансфер помеѓу платежни сметки во рамки на Банката, како и безготовински трансакции кон сметки кај други Даватели на платежни услуги

Реализирањето на кредитните трансфери се извршува преку два система на порамнување:

МИПС - Македонски интербанкарски платежен систем преку кој се извршуваат меѓубанкарски плаќања на поголеми износи над МКД 1.000.000,00 и  итни кредитни трансфери кои се порамнуваат во реално време; и

КИБС - Клириншки интербанкарски систем преку кој се врши трансфер на средства на мали плаќања во денари во висина до  МКД 1.000.000,00.

Извршувањето на платежните налози помеѓу депоненти на Банката се реализира во моментот на обработка на платниот налог.



Термински план на Банката
Опис на услугата на Банката Прием и извршување налози Готовинска уплата/исплата
Oд понеделник до петок од 08.30 до 16.00 часот
Безготовински налози со тековен пресметковен ден
Налози преку КИБС:
Од понеделник до петок

 од 08.30 до 14.00 часот
Налози преку МИПС:
Од понеделник до петок

 од 08.30 до 16.00 часот

Интерен клиринг
На шалтер
Прием и извршување налози Готовинска уплата/исплата
Oд понеделник до петок од 08.30 до 16.00 часот
Преку дигитални канали
Од понеделник до недела






со тековен пресметковен ден од 00:01 до 20:00


со нареден пресметковен ден од 20:30 до 00:00

ОТВАРАЊЕ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
За извршување денарски кредитни трансфери преку банка потребно е да се поседува платежна сметка.

За отварање на платежна сметка кај Силк Роуд Банка потребно е:

ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО СРЕДСТВАТА ОД ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
Сопственикот на платежната сметка може да даде писмено овластување на друго физичко лице за располагање со средствата од неговата сметка - Апликација за овластени лица за располагање со средствата на сметката. 

Овластувањето се врши на шалтерите во експозитурите на Банката. Овластувањето е валидно сè додека е отворена тековната платежна сметка или до отповикување на даденото овластување.

ПРИДОБИВКИ




    24 часовен пристап преку нашиот онлајн банкарски систем Web Banking.
  • Сите стандардни функции што ги очекувате од вашата платежна сметка, во форма на дебитна Виза картичка.
  • Enter Visa / AMEX дебитна картичка без било каков годишен надоместок. Со дебитната картичка Ви се овозможува пристап до Вашата банкарска сметка, на банкомати и POS терминали за трансакции во малопродажба. Секоја трансакција извршена во малопродажба ќе се заврши со автоматско задолжување на сметката.
  • Позитивна камата на позитивна состојба на сметка.
Комбинирано со услугата Моја Плата корисникот на платежната сметка може да добие привилегиран статус за одредени производи на Банката. 

За подетални информации може да се обратите во која било експозитура на Силк Роуд Банка АД Скопје.

За детали за КАМАТНИТЕ СТАПКИ кликенте тука.



Барање за отворање, промени и затворање на платежна сметка за физички и правни лица
Апликација за овластени потписници
Апликација за идентификација и ажурирање

 Изјава за согласност за директен маркетинг 
 Барање за повлекување на согласност за директен маркетинг

Информации за состојбата и промените на сметката можат да добијат само сопствениците и овластените лица на сметката на шалтерите во Банката и преку услугата електронско банкарство.

Со средствата од платежната сметка потрошувачите можат да располагаат преку:
  • потписна картичка од платежната сметка - за вршење готовински уплати и исплати, како и за кредитен трансфер на средствата на други сметки
  • платежна картичка Enter Visa и American Express Point дебитни картичка - за користење во трговската мрежа како и за подигнување на готовина на банкомати во земјата и во странство
  • услугата електронско и мобилно банкарство, која овозможува и вршење на сите видови кредитни трансфери од платежната сметка.


готовинските уплати /исплати како и Кредитните трансфери, се извршуваат преку пропишани платни инструменти и тоа:

За платежни трансакции во готовина

уплатница - образец ПП10

налог за исплата на готовина - образец ПП40

-        За безготовинаски платежни трансакции

налог за пренос - образец ПП30

налог за плаќање јавни приходи - образец ПП50

Користење на приливи
Сите приливи на сметките на клиентите на Банката можат да се користат веднаш по нивното пристигнување.
Приливите можат да бидат:
  • интерни приливи (од сметка на депонент или од сметка на Банката)
  • приливи преку КИБС или МИПС (приливи од други банки или институции).


Интерните приливи и приливи преку МИПС пристигнуваат во текот на целиот работен ден и се на располагање веднаш по нивното пристигнување. Приливите преку КИБС пристигнуваат по завршување на порамнувањето (по 15:00 часот).

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.