Правни лица > Кредити > Инвестициони кредити > Инвестициони кредити
Инвестициони кредити
КРЕДИТИ ЗА ОСНОВНИ СРЕТСТВА |
Набавката на опрема, изградбата на објекти или финансирањето на посебни проекти најмногу бараат средства со период на отплата поголем од една година. Периодот на отплата ќе се утврди во согласност со проектираните идни приходи, како и со времето потребно за завршување на проектот. Банката во зависност од потребата на проектот може да одобри грејс период, во кој период компанијата не е обврзана да ја отплати главницата, плаќа само камата. Кредитите за основни средства може да бидат во МКД и ЕУР. |
Услови |
ИЗНОС Износот зависи од потребите на клиентот, кредитната способност и вредноста на обезбедувањето. РОКВо зависност од потребите на коминтентот, бараниот износ, деловната ориентација. КАМАТНА СТАПКАКаматните стапки се договараат во зависност од вредноста на обезбедувањето, финансиските податоци, бараниот износ, валутата, деловната ориентација, очекуваните приливи од странство и други деловни активности со Банката. ОБЕЗБЕДУАЊЕХипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, паричен депозит, банкарска гаранција, гаранција од компанија и меница. |
ИНФОРМИРАЈ СЕ ВЕДНАШ НА 02 3251 900
Потребни документи
- Документи од судска регистрација
- Решение од Завод за статистика на РМ
- Биланс на состојба и Биланс на успех
- Бруто Биланс (Заклучен лист)
- Бруто Биланс (Заклучен лист) со најнова состојба
- Листа на најголеми должници и најголеми доверители (спецификација на сметка 12 и 22) и листа на гаранти и вид на гаранции - претходна и тековна година
- Изјава за капитална и управувачка поврзаност (прилог)
- Најголеми акционери/содружници
- Членови на органи на управување и раководење како и нивните застапници
- Големина на правно лице (мало, средно и големо), број на вработени, делови на правно лице во земјата или во странство (прилог)
- Изјава за вкупна задолженост во банки на денот на поднесување на барањето
- Бизнис план што ќе овозможи да се добие слика за историјата на бизнисот и неговите сопственици .
Во бизнис планот треба да биде разработено: - Историјатот на бизнисот (потекло и опис на производите и пазарниот сегмент);
- Сопствност и менаџмент (сопственичка структура, работно искуство во дејноста);
- Продажба и испорака (продажба во последните 12 месеци, главни купувачи , канали на дистрибуција ,конкуренција и нивни предности);
- Производствени методи (главните компоненти или суровини дали се од домашен пазар или увозни, главни добавувачи, машини и производни методи, работна сила);
- Финансиски извештаи (продажба и профит, состојба на капиталот, должници, доверители, ликвидност);
- Преглед на обврски спрема банките и др. финансиски институции, структура на кредитите, одобрен износ, моментална сосотојба, рок на отплата, каматна стапка. Да се назначат и други обврски во вид на позајмици
- Податоци за промет на девизните сметки во Банките на РМ
- Старосна структура на обврските и побарувањата до 60 дена, од 60-180 дена, над 180
- Лагер листа на залихи
- Идни прогнози и планови (идна реализација врз основа на Договори, реално очекувани парични приливи, состојба на пазарот, план за зголемување на капиталот, стратегија за спроведување на плановите).