Правни лица > Кредити > Рамковни кредити > Рамковни кредити
Рамковни кредити

Рамковни Кредити |
Стандарден банкарски производ на утврден износ, таканарачен лимит, во МКД или ЕУР. Важи за утврден временски период, за кој комитентот може да ги користи сите видови на банкарски производи. Рамковниот лимит е поврзан со вредноста на недвижноста или подвижните предмети кои се земени како обезбедување. |
ИНФОРМИРАЈ СЕ ВЕДНАШ НА 02 3251 900
Потребни документи
Потребна документација
- Документи од судска регистрација
- Решение од Завод за статистика на РМ
- Биланс на состојба и Биланс на успех
- Бруто Биланс (Заклучен лист)
- Бруто Биланс (Заклучен лист) со најнова состојба
- Листа на најголеми должници и најголеми доверители (спецификација на сметка 12 и 22) и листа на гаранти и вид на гаранции - претходна и тековна година
- Изјава за капитална и управувачка поврзаност (прилог)
- Најголеми акционери/содружници
- Членови на органи на управување и раководење како и нивните застапници
- Големина на правно лице (мало, средно и големо), број на вработени, делови на правно лице во земјата или во странство (прилог)
- Изјава за вкупна задолженост во банки на денот на поднесување на барањето
- Бизнис план што ќе овозможи да се добие слика за историјата на бизнисот и неговите сопственици .
Во бизнис планот треба да биде разработено: - Историјатот на бизнисот (потекло и опис на производите и пазарниот сегмент);
- Сопствност и менаџмент (сопственичка структура, работно искуство во дејноста);
- Продажба и испорака (продажба во последните 12 месеци, главни купувачи , канали на дистрибуција ,конкуренција и нивни предности);
- Производствени методи (главните компоненти или суровини дали се од домашен пазар или увозни, главни добавувачи, машини и производни методи, работна сила);
- Финансиски извештаи (продажба и профит, состојба на капиталот, должници, доверители, ликвидност);
- Преглед на обврски спрема банките и др. финансиски институции, структура на кредитите, одобрен износ, моментална сосотојба, рок на отплата, каматна стапка. Да се назначат и други обврски во вид на позајмици
- Податоци за промет на девизните сметки во Банките на РМ
- Старосна структура на обврските и побарувањата до 60 дена, од 60-180 дена, над 180
- Лагер листа на залихи
- Идни прогнози и планови (идна реализација врз основа на Договори, реално очекувани парични приливи, состојба на пазарот, план за зголемување на капиталот, стратегија за спроведување на плановите).