Правни лица > Кредити > Кредити за обртни сретства > Кредити за обртни сретства
Кредити за обртни сретства

Банката ги финансира потребите за обртни средства на компаниите. Кредитите може да се користат за набавка на суровини, производи за продажба, припрема за извоз, за ликвидност и др. Кредитите за обртни средства може да бидат во МКД и ЕУР.
Услови: |
Износот зависи од потребите на клиентот, кредитната способност и вредноста на обезбедувањето. РОКВо зависнст од потребите на комитентот, бараниот износ, деловната ориентација. КАМАТНА СТАПКАКаматните стапки се договараат во зависност од вредноста на обезбедувањето, финансиските податоци, бараниот износ, валутата, деловната ориентација, очекуваните приливи од странство и други деловни активности со Банката. ОБЕЗБЕДУВАЊЕХипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, паричен депозит, банкарска гаранција, гаранција од компанија и меница. |
ИНФОРМИРАЈ СЕ ВЕДНАШ НА 02 3251 900
Потребни документи
Во бизнис планот треба да биде разработено:
1. Историјатот на бизнисот (потекло и опис на производите и пазарниот сегмент);
2. Сопствност и менаџмент (сопственичка структура, работно искуство во дејноста);
3. Продажба и испорака (продажба во последните 12 месеци, главни купувачи , канали на дистрибуција ,конкуренција и нивни предности);
4. Производствени методи (главните компоненти или суровини дали се од домашен пазар или увозни, главни добавувачи, машини и производни методи, работна сила);
5. Финансиски извештаи (продажба и профит, состојба на капиталот, должници, доверители, ликвидност);
- Преглед на обврски спрема банките и др. финансиски институции, структура на кредитите, одобрен износ, моментална сосотојба, рок на отплата, каматна стапка. Да се назначат и други обврски во вид на позајмици
- Податоци за промет на девизните сметки во Банките на РМ
- Старосна структура на обврските и побарувањата до 60 дена, од 60-180 дена, над 180
- Лагер листа на залихи
6. Идни прогнози и планови (идна реализација врз основа на Договори, реално очекувани парични приливи, состојба на пазарот, план за зголемување на капиталот, стратегија за спроведување на плановите).