Правни лица > Кредити > Гаранции > Гаранции
Гаранции
Банката ги издава сите видови на гаранции: |
гаранции за учество на тендер |
Гаранциите можат да бидат во МКД, ЕУР или друга валута.
ИНФОРМИРАЈ СЕ ВЕДНАШ НА 02 3251 900
Потребни документи
Потребна документација
- Документи од судска регистрација
- Решение од Завод за статистика на РМ
- Биланс на состојба и Биланс на успех
- Бруто Биланс (Заклучен лист)
- Бруто Биланс (Заклучен лист) со најнова состојба
- Листа на најголеми должници и најголеми доверители (спецификација на сметка 12 и 22) и листа на гаранти и вид на гаранции - претходна и тековна година
- Изјава за капитална и управувачка поврзаност (прилог)
- Најголеми акционери/содружници
- Членови на органи на управување и раководење како и нивните застапници
- Големина на правно лице (мало, средно и големо), број на вработени, делови на правно лице во земјата или во странство (прилог)
- Изјава за вкупна задолженост во банки на денот на поднесување на барањето
- Бизнис план што ќе овозможи да се добие слика за историјата на бизнисот и неговите сопственици .
Во бизнис планот треба да биде разработено: - Историјатот на бизнисот (потекло и опис на производите и пазарниот сегмент);
- Сопствност и менаџмент (сопственичка структура, работно искуство во дејноста);
- Продажба и испорака (продажба во последните 12 месеци, главни купувачи , канали на дистрибуција ,конкуренција и нивни предности);
- Производствени методи (главните компоненти или суровини дали се од домашен пазар или увозни, главни добавувачи, машини и производни методи, работна сила);
- Финансиски извештаи (продажба и профит, состојба на капиталот, должници, доверители, ликвидност);
- Преглед на обврски спрема банките и др. финансиски институции, структура на кредитите, одобрен износ, моментална сосотојба, рок на отплата, каматна стапка. Да се назначат и други обврски во вид на позајмици
- Податоци за промет на девизните сметки во Банките на РМ
- Старосна структура на обврските и побарувањата до 60 дена, од 60-180 дена, над 180
- Лагер листа на залихи
- Идни прогнози и планови (идна реализација врз основа на Договори, реално очекувани парични приливи, состојба на пазарот, план за зголемување на капиталот, стратегија за спроведување на плановите).