Физички лица > Картички > AmericanExpressGold

Картички

AMERICAN EXPRESS GOLD

Ви ја претставувме кредитната картичка American Express Gold, која Ви нуди ненадминливи привилегии, висококвалитетна персонализирана услуга насекаде низ светот, престиж и ексклузивни придобивки што одговараат на Вашиот стил на живот.

АПЛИЦИРАЈ ONLINE
ФИНАНСИСКА ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Кредитната картичка American Express Gold претставува флексибилно финансиско средство прифатено во милиони продавници, хотели, ресторани и банкомати ширум светот, со бескаматен грејс-период до 50 дена, овозможувајќи Ви целосна контрола врз Вашите финансиски средства.


ЗАШТИТА/ОСИГУРУВАЊЕ

Со кредитната картичка American Express Gold ќе бидете безгрижни и безбедни кога патувате, купувате во странство, дома, или, пак, онлајн. Покрај тоа, со American Express Gold-Вие сте осигурени од следните ризици при патување:

  • итна медицинска помош
  • eвакуација и трошоци за враќање
  • медицинска и патна поддршка
  • телефонски трошоци
  • патна придружба
  • губење багаж
  • доцнење на лет
  • доцнење на багаж

БЕЗБЕДНО ПАТУВАЊЕ

Секое патување ќе Ви биде вистинско задоволство кога Ве придружува Вашата American Express Gold, која Ви нуди надоместок доколку Вашиот лет доцни, или кога Вашиот багаж е загубен. Со оваа картичка можете да подигнете готовина од повеќе од 650.000 банкомати ширум светот.

Глобалната помош на American Express е дел од нашата посветеност кон корисниците на кредитната картичка American Express Gold додека патуваат. Доколку Ви е потребна каква било помош или поддршка при Вашето патување во земјата или во странство, доволен е само еден повик. Во земјата тоа е овозможено преку привилегијата Помош на пат (во соработка со АМСМ), а доколку сте во странство, тогаш за период од една година добивате 30-дневно осигурување при патување. Глобалната помош Ви е достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата.


УСЛУГА СО НЕНАДМИНАТ КВАЛИТЕТ


Cо картичката станувате корисник на следните услуги:

  • помош на пат
  • осигурување од несреќи при патување
  • издавање на две дополнителни картички
  • услуги за корисниците на картичките
  • пристап за подигнување на готовина од банкомати

Со оваа картичка добивате и Златна клуб картичка од Аутомакедонија, со која имате попусти при купување на возила во салоните на Аутомакедонија, при технички преглед на Вашето возилото како и големи попусти при сервисни услуги.


American Express® е регистрирана трговска марка на American Express®.
Оваа картичка е издадена од Силк Роуд Bank, во согласност со лиценцата добиена од American Express.

24/7 поддршка : 02 3203 555 / 070 406 555

Оставете Ваши податоци во дадените полиња, со цел да ве контактираме за комплетирање на процесот за аплицирање

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.
Live Chat
x

Оставете Ваши податоци во дадените полиња, со цел да ве контактираме за комплетирање на процесот за аплицирање