Физички лица > Картички > VisaConsumercard
Картички
VISA CONSUMER
Доколку барате флексибилна алтернатива за плаќање, Силк Роад Банка АД Скопје, Ви
го претставува идеалното решение: VISA дебитна картичка за физички лица.
Виза дебитна картичката за физички лица е едноставен, безбеден и удобен начин за
управување со вашите средства. Тоа е картичка со опција за надополнување која што е
побезбедна отколку носење готовина. Поседувате алатка за управување со парите во вашиот
џеб, моќ при трошење во вашата рака и поврзаност со вашата сметка која Ви е на дофат во
секое време. Користете ја на милиони локации низ целиот свет, преку Интернет и во
продавница. Уживајте во нејзината погодност и безбедност, како и во предностите при
користење на Виза картичката.
Бесконтактно плаќање:
Силк Роуд Банка Скопје Ви ја ретставува својата VISA Consumer бесконтактна дебитна картичка, безбедно и едноставно решение за Вашите секојдневни трансакции. Отсега со VISA Consumer картичките на Силк Роуд Банка може да плаќате на најсовремениот начин кој се користи во светот - бесконтактно.На оние продажни места каде што е овозможено бесконтактно пазарување во износ до 1.100 МКД, истото може да го остварите со едноставно доближување на картичката до продажниот терминал и плаќањето ќе биде завршено - без да внесувате ПИН код или да потпишувате потврда.
За зголемена заштитата Банката овозможува комулативно бесконтактно пазарување во износ до 6000 мкд, по надминување на овој износ потребно е внес на ПИН за да се потврди корисникот на картичката.
Бесконтактното плаќање функционира на посебно означени продажни места кои се опремени со оваа современа и безбедна технологија. Бројот на ваквите продажни објекти во државата и во светот веќе е голем, но и постојано се зголемува.
ЕДИНСТВЕНА КАРТИЧКА НА ОВОЈ ПАЗАР
- Прифатена кај милиони трговци во многу земји и територии ширум светот
- Наменета за физички лица над 18 години
- Меѓународна дебитна бесконтактна картичка
- Ја олеснува контролата на распределбата и трошење на средствата
- Се користи секаде каде што е означен знакот на VISA
- Дневен лимит за трансакции кои самостојно ги одредувате
- Целосно располагање со средствата во земјата и во странство
- Брза и лесна процедура за аплицирање
- 24/7 Корисничка поддршка
УПОТРЕБА
- Активирање со првата трансакција на ПОС терминал
- Повлекување на готовина со најповолни провизии
- Дозволено за употреба во земјата и во странство
- Дозволено за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита преку 3D-безбедносен стандард за безбедно плаќање
- Бесконтактно плаќање на ПОС теринал без внесување на ПИН код до 1.100 МКД
- Промена на PIN кодот на банкомати на Силк Роуд Банка АД Скопје
ЛИМИТ
- Вредност на картичката: 2.000 МКД – 540.000 МКД
- Пристап до готовина
- Дневен лимит за трошење во малопродажба: макс. 540.000 МКД
- Дневен лимит за подигнување готовина: макс. 144.000 МКД
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Апликација за Visa дебитна картичка
- Фотокопија од лична карта/пасош од апликантот