Физички лица > Кредити > Станбени кредити > Купи куќа - купи стан | Купи куќа за млади
Купи куќа - купи стан | Купи куќа за млади

ИЗБЕРЕТЕ ГО КРЕДИТОТ КОЈ НАЈВЕЌЕ ВИ ОДГОВАРА
Со проектот „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ граѓаните може да аплицираат за субвенционирани станбени кредити до 31 Декември 2020. Овие кредити ќе може да се користат за изградба/купување на куќа или за купување на нов стан.
Општи услови | Граѓаните кои сакаат да аплицираат за субвенциониран кредит треба да ги исполнуваат општите критериуми пропишани со Закон за субвенциониран станбен кредит. |
Износ на кредитот | Максималниот износ на кредитот може да биде до ЕУР 100.000,00, при што субвенционирањето ќе се однесува на износот до ЕУР 50.000. |
Сопствено Учество | 15% - 20% во зависност од проценетата вредност на обезбедување |
Граѓаните ќе можат да аплицираат за еден од следните модели на субвенции | |
МОДЕЛИ НА СУБВЕНЦИИ |
КУПИ СТАН
„Купи стан за млади” Доколку имаш до или наполнето 35 години избери една од двете опции за субвенција на станбениот кредит: Oпција „РАТА” Владата плаќа 70% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот. Oпција „УЧЕСТВО” Владата плаќа 70% од учеството за станбениот кредит (до 25% од кредитот). „Купи стан за возраст над 35 години” Доколку имаш над 35 години избери една од двете опции за субвенција на станбениот кредит: Oпција „РАТА” Владата плаќа 50% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот. Oпција „УЧЕСТВО” Владата плаќа 50% од учеството за станбениот кредит (до 25% од кредитот). КУПИ/ИЗГРАДИ КУЌА „Купи куќа за млади” Доколку имаш до или наполнето 35 години избери една од двете опции за субвенција за купување или изградба на куќа: Oпција „РАТА” Владата плаќа 60% од месечниот ануитет во првите 3 години од отплатата на кредитот, 50% во следните 5 години и 40% во следните 3 години од отплатата. Oпција „УЧЕСТВО” Владата го субвенционира целото учество од субвенционираниот кредит за куќа (до 25% од кредитот). „Купи куќа за возраст над 35 години” Доколку имаш над 35 години избери една од двете опции за купување или изградба на куќа: Oпција „РАТА” Владата плаќа 80% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот. Oпција „УЧЕСТВО” Владата субвенционира 80% од учеството од субвенционираниот кредит за куќа (до 25% од кредитот). ДОГРАДИ/НАДГРАДИ „Догради/надгради за млади” Доколку имаш до или наполнето 35 години избери една од двете опции за субвенција за надградба или доградба на куќа: Oпција „РАТА” Владата плаќа 50% од месечниот ануитет во првите 3 години од отплатата на кредитот, 40% во следните 5 години и 30% во следните 3 години од отплатата. Oпција „УЧЕСТВО” Владата го субвенционира целото учество од субвенционираниот кредит за куќа (до 25% од кредитот). „Догради/надгради за возраст над 35 години” Доколку имаш над 35 години избери една од двете опции за доградба или надградба на куќа: Oпција „РАТА” Владата плаќа 75% од месечниот ануитет во првите 5 години од отплатата на кредитот. Oпција „УЧЕСТВО” Владата субвенционира 75% од учеството од субвенционираниот кредит за куќа (до 25% од кредитот). |
КАМАТНИ СТАПКИ |
Каматни стапки за опцијата „РАТА“: 2.9% фиксна за првите три години 3.9% фиксна за 4-тата и 5-тата година По истекот на 5-тата година, банката го задржува правото да врши корекција на каматната стапка. Моментално: 6.4% (за приматели на плата) (6 месечен ЕУРИБОР + 6.4% спред, мин. 6.4%) 7.5% (за неприматели на плата) (6 месечен ЕУРИБОР + 7.5% спред, мин. 7.5%) Фиксна каматна стапка за опцијата „УЧЕСТВО” Фиксна каматна стапка за цело време на отплатата на кредитот – мин. 6 месечен ЕУРИБОР + 4 процентни поени. Прилагодувањето на номиналната каматна стапка се врши на шест месечна основа и тоа на 1 јануари и 1 јули секоја година. |
Валута | ЕУР |
Рок на Отплата | минимум 20 години - максимум 30 години |
Трошоци и Провизии |
|
Предвремена Отплата |
|
Кредитни услови и процес на одобрување |
|
Ко-кредитобаратели/жиранти | Доколку е потребно - согласно Кредитната политика на Банката |
Исплата на кредитот | Еднократно |
Исплата и предвремена исплата |
|
Обезбедување |
|
Банката го задржува правото да го прифати или да не го прифати понудениот имот како обезбедување. |
|
Осигурување |
|
БАРАЊЕ | Барање за субвенциониран станбен кредит |
ИНФОРМИРАЈ СЕ ВЕДНАШ НА 02 3251 900
Потребни документи
Општи документи:
- Копија од лична карта/пасош на кредитобарател (кокредитобарателот/-те)
- Извод од матична книга на родени
- Согласност од брачен другар ( банкарски образец )
- Нов извод од матична книга на венчаните за да се докаже брачниот статус на кредитобарателот (ако се земени предвид приходите од брачниот другар)
- Барање за станбен кредит пополнето од кредитобарателот
- Нотарски заверена изјава дека нема да го издава станот т.е. куќата и дека нема дополнително да ја товари недвижноста со хипотеки и дека нема да го префрлува сопствеништвото на други страни во првите 5 години од денот на исплата на кредитот при аплицирање за Купи куќа, купи стан” двата модела и “Купи куќа за млади” модел ”Учество”, односно изјава дека нема да ја издава куќата и дека нема дополнително да ја товари недвижноста со хипотеки и дека нема да го префрлува сопствеништвото на други страни во првите 12 години од денот на исплата на кредитот при аплицирање за “Купи куќа за млади” модел ”Рата”.
- Нотарски заверена изјава на барателот и неговиот брачен другар дека не користат друг станбен кредит на денoт на поднесување на барањето за субвенциониран станбен кредит
Документи за проверка на приход и адреса:
- Потврда од кредитобарателот (и кокредитобарателот/-те) дека се во постојан работен однос и нивни финансиски податоци:
- за вработени во владини институции, јавни претпријатија, акционерски друштва и други реномирани приватни претпријатија се бара само потврда за просечен личен доход за последните три месеци;
- за вработени во мали приватни компании се бара потврда за просечната плата во последните 12 месеци и 3 извештаи ПП 531- Декларација за прием од УЈП за исплатена плата за последниот месец, пред 6 месеци и пред 1 година, М1/М2 образец за кредитобарателот и за кокредитобарателите;
- за трговци - поединци, самостојни вршители на дејност т.е. адвокати, нотари, извршители и др. се бара потврда за просечната плата во последните 12 месеци и 3 извештаи ПП 531 - Декларација за прием од УЈП за исплатена плата за последниот месец, пред 6 месеци и пред 1 година, М1/М2 образец за кредитобарателот и за кокредитобарателите и
- Одлука за извршување на основна дејност
- Регистрација од Централниот регистар
- Даночен биланс и биланс на приходи и расходи за последната година - за пензионери се бара последниот чек од пензија.
-
Документ за дополнителен приход (кирија или друг вид на приход
- Даночна пријава за дополнителниот приход од претходната календарска година -
Изјава за поврзани субјекти
-
Изјава од кредитобарателот и кокредитобарателот/-ите - жирантот дека веќе има/нема аплицирано за кредит во друга банка
-
Изјава за согласност за доставување извештај од МКБ.
Документи за стекнување живеалиште/земја
-
Пред продажен договор (доказ за целта на кредитот) заверен кај нотар
-
Регистрација на имотниот лист во Агенцијата за катастар на недвижности на РМ (доказ за сопственост)
-
Доказ за наследство или дар
-
Документи за изградба, завршување и адаптација:
-
Имотен лист на земјиштето на кое објектот ќе се гради/заврши/реновира и адаптира
-
Извештај за проценка на изведбата (предмер-пресметка) и рокот на завршување (доказ за целта на кредитот)
-
Извештај за проценка на изведбата (предмер-пресметка) и рокот на завршување (доказ за целта на кредитот)
-
Дозвола за изградба/одобрување за градба
-
Планиран буџет на трошоци, изготвен од овластено лице и заверен од општината (проект, елаборат за градбата) во случај на изградба и завршување
-
Регистрација на имотниот лист во Агенцијата за катастар на недвижности на РМ
-
Стручно мислење од лице кое поседува лиценца согласно Законот за градење, со кое се потврдува дека куќата се руши за на нејзино место се изгради нова поголема куќа
Дополнителни документи кои треба да се обезбедат во наредните фази:
-
Доказ за сопствено учество (извод од банка или копија од уплатницата)
-
Купопродажен договор заверен кај нотар
-
Извештај за проценка
-
Полиса за осигурување на недвижен имот во корист на Банката
-
Имотен лист на име на корисникот на кредит најдоцна 6 месеци од исплатата на кредитот - во случај на повеќекратни исплати најкасно 6 месеци од последната исплата.
1 За приматели на плата преку Силк Роуд Банка АД Скопје не се задолжителни