Силк Роуд Банка





Уште од своето основање Силк Роуд Банка АД Скопје ги применува најдобрите практики во бизнисот, менаџментот и правилата на однесување и етика, притоа управувајќи ги односите помеѓу вработените, клиентите, акционерите и третите лица, следени на ниво на Групацијата.

Обврски
Силк Роуд Банка АД Скопје го заснова своето работење врз следниве обврски:

  • Кон своите клиенти – Банката е насочена кон задоволување на потребите на клиентите и континуирано подобрување на квалитетот на понудените услуги и информации, секогаш правејќи клиентите да се чувствуваат добредојдено.
  • Кон своите акционери – постојана определба на Банката е да се создаде вредност..
  • Кон своите вработени – –Банката е посветена на одржувањето фер надомест, оптимални услови за работа и можности за кариера врз основа на заслуги и еднаков третман без дискриминација.
  • Кон општеството - Банката се обврзува активно да придонесе во поддржувањето на основните елементи на прогрес и раст.

Принципи
Сите активности на Силк Роуд Банка АД Скопје имаат за примарна цел раст и просперитет на Банката и се управувани од принципите спроведени со законите и етичките принципи, и тоа: интегритет и чесност, објективност и независност, дискреција и доверливост, свесност, дисциплинирано и разумно преземање ризик, целосно, комплетно и вистинито обелоденување податоци и активно учество во општествената средина.

Почитувани клиенти,

Во март 2010 година американскиот конгрес го усвои Законот за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act) – FATCA, кој има за цел да го спречи затајувањето данок од страна на американските даночни обврзници кои имаат сметки во странство.

Согласно со FATCA, финансиските институции потписнички на овој акт, на годишно ниво доставуваат податоци за сметките на клиентите што се опфатени со FATCA режимот, со цел спречување даночно затајување на американските клиенти преку отворање сметки во финансиски институции надвор од САД.

Секоја банка во светски рамки има обврска да се усогласи со Законот за усогласување на даноците по странски сметки (FATCA) започнувајќи од 1.7.2014 година. Следејќи ги светските трендови, Силк Роуд Банка АД Скопје се приклучи кон имплементација на Законот за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act) – FATCA, во своето работење.
Силк Роуд Банка АД Скопје е регистрирана во Даночната служба на САД под број GIIN: SWLPFI.99999.SL.807 со статус – PARTICIPATINGFINANCIAL INSTITUTION NOT COVERED BY IGA.

Ве известуваме дека, започнувајќи од 1.7.2014 година, Силк Роуд Банка АД Скопје, согласно со препораките на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, имплементира стандардизирана и воедначена процедура на идентификација на сите свои клиенти почитувајќи и применувајќи ги законската и подзаконската регулатива во Република Македонија, како и Законот за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act) – FATCA.
Повеќе информации на следниот линк: www.irs.gov

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање