Информација за исплата на финансиска поддршка од четвртиот пакет на мерки на Владата на РСМ

Почитувани,

Ве информираме дека и овој пат Силк Роуд Банка е активно вклучена во мерките на Владата на РСМ за исплата на финансиската поддршка на граѓаните во рамки на четвртиот пакет мерки за справување со covid19 кризата.
Со oвој пакет на мерки предвидена е исплата на поединечна финансиска поддршка во износ од 6.000 денари и истата се однесува на следните категории на граѓани: граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Преку веб страницата https://kupuvamdomasno.gov.mk/ со внес на Вашиот матичен број можете да проверите дали сте корисници на финансиска поддршка и во која банка сте распределени за исплата на средствата.

Исплатата на финансиската поддршка во Силк Роуд Банка ќе се реализира на постојните трансакциски сметки на клиентите. За да ги користите средствата од финансиската помош, доколку ги немате ажурирано Вашите лични податоци во Банката, потребно е податоците да ги ажурирате во најбрз можен рок во најблиската експозитура на банката, најдоцна до 25.12.2020 година (петок).

Исто така, доколку немате отворено трансакциска сметка, а сте распределени за исплата во Силк Роуд Банка, потребно е во најбрз можен рок, односно до 25.12.2020 година да отворите трансакциска сметка во најблиската експозитура на банката.

За клиентите кои имаат блокирана сметка, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат исплатени средствата од финансиската поддршка и кои во овој случај ќе мора да се подигнат најдоцна до 25.12.2020 година на благајна во Банката.

Ве информираме дека средствата од финансиската помош ќе може да се користат и по 25.12.2020 година.

Дополнителни информации можете да добиете во некоја од експозитурите на банката.

Со почит,
Силк Роуд Банка АД Скопје

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.