Нови и единствени на пазарот VISA припејд картички од Силк Роуд Банка

Скопје, 22.10.2020 – Силк Роуд Банка АД Скопје го збогати своето портфолио на платежни картички од брендот VISA со воведување на нови припејд картички за физички и правни лица. 

Новите припејд картички се уникатни на пазарот во Македонија од причини што истите имаат можност за надополнување на картичките, според потребите на корисниците. Картичките се бесконтактни со меѓународна важност изработени според највисоките безбедносни стандарди за картично работење. Можат да се користат за подигнување средства од банкомати, плаќање во трговија секаде каде што е означен знакот на VISA или при вршење на интернет плаќања.

„При креирањето на карактеристиките на новите припејд картички за физички и правни лица од брендот VISA се водевме од нивните реални потреби и можности. Картичките нудат уникатна и единствена можност на пазарот во Македонија за надополнување со средства, секогаш кога ќе има потреба корисникот. Исто така, корисниците можат сами да го одредуваат дневниот лимит за трансакции. Картичките се со можност за вршење на бесконтактни плаќања без потреба од внесување на ПИН код, изработени според највисоките безбедносни стандарди 3D Secure за вршење на трансакци со картички. Аплицирањето за картичките е едноставно и се врши со валиден документ за идентификација во било која експозитура на банката“, велат од Службата за картично работење.

Visa Consumer припејд картичката претставува едноставен, безбеден и удобен начин за управување со вашите средства. Истата е наменета за физички лица и е без трошоци за годишна членарина. Картичката може да се користи на милиони локации во светот, за подигнување готовина од банкомати, за интернет плаќања и во продажни места. Картичката може да ја добете веднаш, неперсонализирана и може да биде одличен избор за подарок на лицата кои ви значат и сакате да ги изненадите. 

Visa Business припејд картичката за правни лица нуди олеснителна можност на компаниите во заштеда на време и пари со намалување на трошоци при обработка на платниот список, зголемување на ефикасноста на процесите во компанијата и промовирање на лојалноста на вработените. Картичката е со максимална вредност до 1.440.000 денари и е поврзана со трансакциската сметка на компанијата во банката.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање