Известување за преземени мерки за заштита од КОВИД-19

Почитувани клиенти,

 

Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека Силк Роуд Банка АД Скопје воведе дополнителни мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите на Банката од вирусот КОВИД-19.

 

Во таа насока, би сакале да Ве известиме за следните преземени мерки:


- Минимизирајте ги Вашите посети во експозитурите и деловните простории на Банката. Доколку имате неодложна потреба за посета, Ве известуваме дека на сите наши локации се обезбедени средства за дезинфекција кои можете слободно да ги користите при Вашата посета;

- Избегнувајте директен контакт, ракување и подолго седење во затворени простории и во просториите на Банката;

- За вршење на Вашите потребни банкарски операции на располагање 24/7 Ви стои електронското и мобилно банкарство за физички и правни лица, како и за сите дополнителни прашања и информации веб страницата на Банката www.silkroadbank.com.mk и профилите на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn); 

- На располагање секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот Ви се нашите банкарски службеници кои можете да ги контактирате на телефонските броеви на експозитурите (објавени на веб страницата) или на следниве поважни телефонски броеви: 02/3203-555 (за информации поврзани со картично работење) и 02/3203-560 (за информации поврзани со работењето на експозитурите).


Свесноста и однесувањето на секој од нас е од пресудна важност за справување со кризата и ширењето на вирусот, па оттука стриктното придржување кон мерките и препораките мора да се почитуваат без исклучок за доброто на сите нас во иднина. 

Ви благодариме на разбирањето.


Со почит,

Силк Роуд Банка АД Скопје

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.