Промена на начинот на плаќање на сметките за електрична енергија кон ЕВН Македонија АД Скопје


Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека почнувајќи од 01.07.2019 година ЕВН Македонија АД Скопје нема повеќе да врши фактурирање и наплата на сметките за електрична енергија на сметката на ЕВН Македонија АД Скопје (280-1001045421-02) отворена во Силк Роуд Банка АД Скопје. 

Имајќи го предвид наведеното, сметката на ЕВН Македонија АД Скопје во Силк Роуд Банка АД Скопје (280-1001045421-02) на која што вршевте уплати за фактурите, од 01.07.2019 година се затвора и кон истатата веќе нема да може да се вршат уплати.  

Вашите обврски за потрошена електрична енергија може да ги подмирувате со безготовински налог ПП30 (електронски или во експозитурите на банката) или со траен налог кон сметките на новоформираното правно лице ЕВН Хоме ДОО кои што од 01.07.2019 година ќе бидат наведени на фактурите за струја. 

Со почит,
Силк Роуд Банка АД Скопје




СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.