Известување за можноста и начинот на добивање на извештај од Кредитен регистар
Почитувани,
Со цел подобрување на услугите за граѓаните, Народната банка овозможи бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитен регистар. За подобро
запознавање на граѓаните за можноста и начинот на добивање на извештај од
Кредитниот регистар по дигитален пат, преку uslugi.gov.mk, Комуникацискиот тим на
Народната банка изработи едукативно видео за искористување на оваа поволност. Во прилог подолу споделуваме:
- Известување од Народната банка за бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитен регистер
- Видео-инструкции за добивање на извештај од Кредитен регистер, по дигитален пат
Со почит,
Силк Роуд Банка АД Скопје