Известување за предвремена исплата на пензии за месец јули

Скопје, 26.07.2022 година – Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец јули ќе се врши на 27.07.2022 година (среда). Почнувајќи од 27.07.2022 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката.


Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од
27.07.2022 година (среда), согласно распоредот направен според висината на пензијата:

 

·         Во среда, на 27.07.2022 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

·         Во четврток, на 28.07.2022 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

·         Во петок, на 29.07.2022 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

·         Во понеделник, на 01.08.2022 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

 

При посета во експозитурите, со цел да не се прават дополнителни гужви на благајните, се препорачува на сите кои ќе ги подигнуваат пензиите на благајна да се придржуваат до веќе утврдениот распоред за исплата.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.