Нов модул во електронското банкарство на Силк Роуд Банка AД Скопје
Во насока на
поедноставување и олеснување на процесот на исплата на плати, Силк Роуд Банка
ги информира сите правни лица дека почнувајќи од денес (05.06.2018 година)
воведе нов модул во апликацијата за електронско банкарство со можност за
вчитување на фолио за плати.
Силк Роуд Банка и понатаму продолжува да го развива системот на електронско и мобилно банкарство во насока на следење на потребите на физичките и правните лица преку поедноставување на услугите и воведување на нови иновативни услуги на пазарот.