Промотивен период од 01.09.2017 до 31.12.2017 г
 
Силк Роуд Банка АД Скопје одобрува кредити на физички лица без определена намена под следните услови:
 
 
Износ на кредитот: 12.000 МКД - 900.000 МКД
 
 
Корисници:
  • Физички лица - државјани на РМ
  • Старосна граница од 18 до 70 (возраст до 70 год. при доспевањето на последниот ануитет од кредитот)
 
Критериум:
  • Кредитобарателот да не биде постар од 70 години при доспевање на последниот ануитет
  • Кредитобарателот да биде во редовен работен однос минимум 12 месеци или да биде пензионер
  • Учество на вкупните месечни задолжувања во вкупните месечните примања да изнесува најмногу 50% за вработени во јавни претпријатија и најмногу 40% за останати клиенти (во случај на рефинансирање при пресметката на коефициентот на задолженост се исклучува месечната обврска по основ на кредитната обврска што се рефинансира)
 
Кокредитобарател/и:
 
Само ако не е исполнет критериумот за месечен ануитет во однос на приходите или пензијата и/или возраста
Најмногу двајца кокредитобаратели
 
 
Рок:
 
од 6 - 60 месеци за износ на кредит до МКД 300.000
од 6 - 120 месеци за износ на кредит поголем од МКД 300.000
 
 
Исплата:
Еднократна
 
 
Начин на отплата:
Месечни ануитети
 
 
Предвремена отплата:
0% за предвремена отплата
 
 

Каматна стапка:

 
Фиксна непроменлива во текот на првата година
  • МКД 5,50% - за клиенти кои примаат плата преку Силк Роуд Банка АД Скопје
  • МКД 6,45% - за останати клиенти

За останатиот период променлива во согласност со Одлуката за каматни стапки на Силк Роуд Банка АД Скопје

  • МКД 8,85% (СВТ 8,44%)* за клиенти кои примаат плата преку Силк Роуд Банка АД Скопје
  • МКД 9,50% (СВТ 9,21%)* за останати клиенти
 
Трошоци:

 

  • 0% провизија за администрирање на кредит (еднократно при исплата)
  • 0 МКД надомест за разгледување и обработка на барањето
  • Трошоци за меница
  • Нотарски трошоци за солемнизација на договор за износ над МКД 300.000
 
Обезбедување:
  • Меница и менична изјаваза износ до МКД 300.000
  • Солемнизација на договорот за кредит за износ поголем од МКД 300.000
  • Административна забрана, доколку е прифатлива за сите страни (Компанија - Банка - Кредитобарател)
 
Поврзани производи:
Visa Electron Point - со отворање на трансакциска сметкa
- Enter American Express - со отворање на трансакциска сметкa
 
 
* Пресметката е направена со МКД 900.000 на 120 месеци, при што за првата година е земена во предвид фиксната каматна стапка за првата година, променливата каматна стапка за останатиот период.

За повеќе информации повелете во најблиската експозитура.
 
 
Банката го задржува правото да го одбие барањето на подносителот на апликацијата.
 
Банката го задржува правото да ги менува условите без претходна најава.