Силк Роуд Банка започна со соработка со МКБ


Почитувани,

Би сакале да Ве информираме дека Силк Роуд Банка започна соработка со Македонско Кредитно Биро АД Скопје.

Преку оваа соработка Сопствениот извештај за физички и Сопствениот извештај за правни лица на МКБ ќе бидат достапни за сите наши клиенти во сите експозитури на Силк Роуд Банка ширум земјата. Ова значи дека граѓаните и компаниите низ целата држава ќе можат да побараат Сопствен извештај во најблиската експозитура на Банката.

Повеќе информации во врска со Сопствениот извештај можете да погледнете на веб страната на МКБ, односно на следниов линк.

Целта на оваа соработка помеѓу Силк Роуд Банка и МКБ е сите услуги и извештаи кои се нудат од страна на МКБ да бидат подостапни за нашите клиенти и да може полесно да се увиди бенефитот од истите.

Со почит,

Силк Роуд Банка АД Скопје

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.