Навиваме заедно со American Express за Македонија на ЕУРО 2020


Скопје, 10.06.2021 – Имајќи предвид дека се ближи историскиот прв натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија на европските првенства, Силк Роуд Банка за корисниците на American Express картичките спроведува промотивна кампања со 10% поврат на средства со сите направени трансакции со картичките во ресторани и кафе барови, односно угостителски објекти во државата.

Имено, со секоја трансакција во угостителски објект со кредитните картички American Express Green или American Express Gold, на денот кога настапува македонската фудбалска репрезентација, корисниците добиваат неверојатни 10% поврат на средства („cashback“)*. 

Деновите кога овој промотивен поврат на средства ќе важи се следниве:
-13 јуни (недела): Австрија – Македонија
-17 јуни (четврток): Украина – Македонија
-21 јуни (понеделник): Македонија – Холандија

Да навиваме и да се радуваме заедно на успесите на македонската фудбалска репрезентација на историскиот прв настап на европските првенства во фудбал! 

По повод европското првенство кое започнува со натпреварот помеѓу Турција и Италија, во периодот кој следи Силк Роуд Банка ќе продолжи со нови изненадувања за корисниците на American Express картичките.

Повеќе информации за American Express картичките на Силк Роуд Банка може да погледнете на следниов линк.

(*) Максималниот износ за кој што важи промотивниот поврат на средства е до 15.000 денари од трансакција.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.