Информација за дополнителна исплата на финансиска поддршка од четвртиот пакет на мерки на Владата на РСМ


Почитувани,

Ве информирaме дека согласно со четвртиот пакет мерки од Владата на РСМ за справување со последиците од COVID- 19 кризата, во Силк Роуд Банка е извршена дополнителна исплата на финансиската поддршка на граѓаните кои биле распределени во Силк Роуд Банка, а на кои не им била исплатена поддршката во декември 2020 година.

Со oвој пакет на мерки предвидена е исплата на поединечна финансиска поддршка во износ од 6.000 денари и истата се однесува на следните категории на граѓани: граѓани со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Преку веб страницата https://kupuvamdomasno.gov.mk/ со внес матичниот број можете да проверите дали сте корисници на финансиска поддршка и во која банка сте распределени за исплата на средствата.

Исплатата на финансиската поддршка во Силк Роуд Банка ќе се реализира на постојните трансакциски сметки на клиентите. За да ги користите средствата од финансиската помош, доколку ги немате ажурирано Вашите лични податоци во Банката, потребно е податоците да ги ажурирате во најбрз можен рок во најблиската експозитура на Банката, најдоцна до 31.05.2021 година.

Со цел искористување на средствата од финансиската поддршка, клиентите потребно е да го запазат рокот, односно најдоцна до 31.05.2021 година да извршат ажурирање на податоците во експозитура на Силк Роуд Банка.

Ве информираме дека исплатените средства од финансиската помош ќе може да се користат и по 31.05.2021 година.

Дополнителни информации во врска со исплатата на средствата од четвртиот пакет мерки за справување со COVID-19 кризата можете да добиете во некоја од експозитурите на Банката.

Со почит,
Силк Роуд Банка АД Скопје

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.