Празничен шопинг со поврат на средства и до 7% со American Express во Веро и Џамбо маркети


Силк Роуд Банка АД Скопје за корисниците на American Express картичките организира промотивна кампања по повод претстојните празници со поврат на средства и до 7% со направени трансакции со картичките.

 

Имено, почнувајќи од 20 април па сѐ до 03 мај 2022 година, започнува ексклузивна промотивна кампања со American Express картичките издадени од Силк Роуд Банка, во Веро и Џамбо маркетите, каде што со секоја трансакција со картичките во маркетите, корисниците добиваат и до 7% бонус, односно поврат на средства.

 

Имено, со направени трансакции со American Express Point дебитната картичка, корисниците добиваат 4% поврат на средства, додека пак со направени трансакции со American Express Green и American Express Gold кредитните картички, повратот на средства изнесува 7% од вкупно направената сметка.

 

Оваа ексклузивна кампања е супер можност безбедно да пазарувате со American Express картичките во сите Веро и Џамбо маркети на територија на државата и при тоа добивате единствена можност за дополнителен поврат на средства при направените трансакции во промотивниот период.


СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.