American Express новогодишна кампања со поврат на средства и до 7% од направените трансакции
Скопје, 24.12.2021 – Силк Роуд Банка АД Скопје за корисниците
на American Express картичките организира промотивна новогодишна
кампања со поврат на средства и до 7%
со направени трансакции со картичките.
Имено,
почнувајќи од 27 декември па сѐ до 07 јануари
2022
година,
започнува ексклузивна промотивна кампања со American Express картичките
издадени од Силк Роуд Банка, во Веро и Џамбо маркетите, каде што со секоја
трансакција со картичките во маркетите корисниците добиваат и до 7% бонус,
односно поврат на средства.
Имено,
со направени трансакции со American Express Point дебитната картичка
корисниците добиваат 4% поврат на средства, додека пак со направени трансакции
со American Express Green и American Express Gold кредитните картички повратот
на средства изнесува 7% од вкупно направената сметка.
Оваа
ексклузивна кампања е супер можност безбедно да пазарувате со American Express
картичките во сите Веро и Џамбо маркети на територија на државата и при тоа
добивате единствена можност за дополнителен поврат на средства при направените
трансакции во промотивниот период.