До 31.12.2020 година подигнувајте готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава со American Express Point картичка

Скопје, 01.10.2020 - Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава, заклучно до 31.12.2020 година.

 

Имено, корисниците на картичката до крајот на оваа година ќе можат покрај од постојната мрежа на банкомати на Силк Роуд Банка, да подигнуваат пари без провизија и трошоци и од целата мрежа на банкомати на НЛБ Банка во земјава.

 

“На нашите клиенти корисници на American Express Point дебитната картичка им овозможуваме до крајот на оваа година да подигнуваат готовина без провизија на целата мрежа на банкомати на Силк Роуд Банка и НЛБ Банка. Со ова, на нашите клиенти им е достапна најголемата мрежа на банкомати во земјава за подигнување на пари, со што значително се заштедува во време при пронаоѓањето на најблискиот банкомат од нивното опкружување. Оваа поволност се надеваме дека ќе биде одлично прифатена од постојните клиенти, како и од сите граѓани кои размислуваат во иднина да станат корисиници на картичката на која ќе можат да ја примаат својата плата и да користат дозволено пречекорување на сметката.”, велат од Службата за картично работење во банката.

 

American Express Point e дебитна картичка поврзана со транскациската сметка на корисниците. Картичката е единствена дебитна картичка со која се добива загарантиран поврат на средства од 1% при сите направени купувања во земјава, како и можност за поврат на средства и до 15% со направени трансакции кај трговците партнери во „Твој бонус“ програмата на American Express. 


Од банката исто така информираат дека во тек е ексклузивна промотивна кампања во соработка со Веро и Џамбо маркетите каде што со секоја трансакција со American Express картичка во маркетите корисниците добиваат промотивно 5% поврат на средства.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање