Aплицирај за American Express кредитна картичка во септември и одложи го плаќањето во ноември

Скопје, 04.09.2020 – Силк Роуд Банка во месец септември води промотивна кампања за сите нови примени апликации за American Express Green и American Express Gold кредитните картички.

Сите нови апликанти за картичките во месец септември ќе бидат ослободени од плаќање на минималниот месечен износ за плаќање во наредните два месеци, со направени трансакции со картичите во септември или октомври.

Дополнително, сите нови апликанти за American Express Green кредитната картичка со направени минимум 5 трансакции во месеците септември и октомври се целосно ослободени од плаќање на годишна членарина и за втората година од користењето на картичката.

American Express Green и American Express Gold се револвинг кредитни картички со меѓународна важност од брендот American Express. Картичките можат да се користат за купувања во земјата и странство и се вклучени во „Твој бонус“ програмата за поврат на средства. 

Повеќе информации за картичката може да добиете во експозитурите на банката, на веб страната www.silkroadbank.com.mk или на телефонскиот број 02/3203-555.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.