Спортски викенд Илинден 2017




По повод одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, на 22 јули (сабота) и 23 јули (недела) 2017 година, под мотото „Ние навиваме за Македонија“ по 9-ти пат се одржаа Спортски викенд „Илинден 2017“.
На оваа традиционална спортска манифестација учествуваа над 700 спортисти кои се натпреваруваа во повеќе спортови: атлетика, велосипедизам, шах, кошарка, фудбал, хокеј на ролери и тенис. На манифестацијата свое присуство имаше и Силк Роуд Банка АД Скопје со свој промотивен штанд. На штандот беа истакнати информативни брошури од производите кои ги нуди Банката, каде претставници од Банката даваа информации на заинтересираните присутни за можностите за кредитирање на физички лица (потрошувачки кредити, Еден за Се потрошувачки кредит за рефинансирање, станбени кредити, хипотекарни кредити, владиниот “Купи куќа, купи стан” и “Купи куќа за млади” субвенциониран станбен кредит) и депозитите на Банката за физички лица (Силк Премиум отворен депозит, Орочен депозит со месечна камата, Прогресивен орочен депозит и сл) Силк Роуд Банка е единствен и ексклузивен застапник и издавач на престижните American Express картички (Green, Gold и Point).
На манифестацијата се искористија можностите за претставување на American Express картичките (дебитни и кредитни), нивните бенефиции, услови и особено препознатливата Твој Бонус програма. Твој Бонус програмата е единствена програма за поврат на средства што ги наградува клиентите со бонус на нивните сметки (во рок од 48 часа), секогаш кога се користат кредитните / дебитните картички на American Express.

  • до 15% бонус на Вашата сметка во зависност од трговецот или продажното место,
  • без минимален износ за пазарување
  • без лимит на бонус што може да ги добиете
  • на преку 250 продажни места
Паралелно за сите учесници на спортските настани и заинтересирани клиенти, Банката набави и подели мали шишенца вода.
Шишињата вода Ладна беа брендирани со логото на Банката и логото на American Express. Манифестацијата беше искористена и за остварување контакти со постоечките и идни потенцијални клиенти – фирми во делот на започнување и проширување на деловната соработка меѓу Банката и компаниите.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.