Промотивна кампања за дозволено пречекорување на сметка за правни лица

Скопје, 20.08.2020 –  Силк Роуд Банка воведе нов производ наменет за сите правни лица постојни клиенти на банката – дозволено пречекорување на трансакциска сметка („overdraft“). За таа цел банката спроведува промотивна кампања, односно сите примени апликации за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за правни лица во периодот од 15.08.2020 година до 31.10.2020 година се без административен трошок за одобрување и со привилегирани каматни стапки за користење на продуктот почнувајќи од 5%.

 

„Продуктот дозволено пречекорување – оverdraft за правни лица е наменет за компании, постојни клиенти на банката кои имаат потреба од финансиски средства за финансирање на краткорочни обртни средства, одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства во даден момент.  Предноста на користење на овој продукт е во брзата процедура за одобрување и едноставноста до пристапот  на потребните, односно одобрените  средства. Во тек е промотивен период, каде што сите примени апликации во периодот до 31-ви октомври оваа година се целосно ослободени од административни трошоци за исплата. Дополнително, за сите примени апликации во овој период банката нуди и привилегирани (пониски) каматни стапки од 5% за користење на дозволениот лимит на трансакциска сметка - overdraft. Како дополнителна вредност при користењето на овој продукт е и можноста од предодобрување на American Express Gold кредитна картичка без надомест за годишна членарина за првата година за сопственикот, односно сопствениците на компанијата“, велат од Службата за корпоративно управување во банката.

 

Максималниот одобрен лимит на трансакциска сметка кој може да го користи компанијата е до 3.000.000,00 денари. Наплатата на камата се врши само за искористениот дел од лимитот. За постоечките клиенти на Силк Роуд Банка, дозволеното пречекорување ќе биде пред-одобрено во износ од просечен месечен промет во Банката и направени минимум три должи (debit) трансакции на месечно ниво во изминатите 12 месеци.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.