Известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита
Силк Роуд Банка почнувајќи од 03.01.2022 година (понеделник) ќе започне со исплата на паричните права од социјална и детска заштита за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивните денарски трансакциски сметки во банката.
Корисниците на Visa и American Express дебитни картички почнувајќи од понеделник ќе можат да располагаат со средствата преку мрежата на банкомати.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата на благајните во експозитурите на банката ќе биде организирана во две групи во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
-Понеделник, 03.01.2022 г. – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ,
-Вторник, 04.01.2022 г. – М, Н, Њ, О;П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Сите корисници кои немаат картичка, при подгнувањето на средствата ќе можат бесплатно да аплицираат за дебитна картичка со која во иднина ќе можат да подигнуваат готовина и да вршат безготовински плаќања на сите продажни места, без потреба од посета на експозитура.
Напоменуваме при посета на експозитурите да се почитуваат преземените безбедносни мерки и воспоставениот ред за влез и излез, како и задолжително носење на заштитна маска со себе и одржување на минимално растојание од 2 м. од останатите клиенти и банкарските службеници.