Бонус од 5% со American Express на бензинските станици ОКТА


Скопје, 01.07.2020 - Со новата летна кампања на Силк Роуд Банка АД Скопје и Окта АД – Скопје, корисниците на American Express картичките добиваат 5% бонус поврат на средства со секое купување во бензинските станици со брендот ОКТА. Заедничката кампања „Летувај дома” ќе трае во текот на месеците јули, август и септември.

Со секоја направена трансакција со American Express картичкa издадена од банката на сите бензински станици со брендот ОКТА низ Македонија, на корисниците им се одобрува бонус од 5% од износот на направената трансакција. Максималниот месечен износ за кој важи бонусот од 5% е до 6.000 денари. На месечните трансакции со кои се надминува овој износ, ќе биде одобрен поврат на средства по стапка од 2,5%.

Доколку сеуште немате аплицирано за Американ Експрес картичка, истото можете да го сторите во експозитурите на банката или на веб страницата www.silkroadbank.mk.

Во претстојниот период уживајте во вашите летни патувања ширум државата и безгрижно патувајте со картичките на American Express и горивата на ОКТА.


                               

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.