Домашна платежна картичка - „Купувам домашно“


Во согласност со Одлуката на Владата за издавање на домашни платежни картички, ве известуваме дека Силк Роуд Банка АД Скопје е една од банките вклучени во процесот на издавање на картичките.

Владата на Република Северна Македонија креираше посебна веб страница за овој проект www.kupuvamdomasno.gov.mk каде што ќе може сите граѓани да направат проверка во која банка се распределени, односно од која банка ќе им биде издадена домашната платежна картичка.



Клиентите кои се распределени платежната картичка да ја подигнат од Силк Роуд Банка, потребно е да го имаат во предвид следното:
- издавањето на картичките ќе се врши преку мрежата на експозитури на Банката
- клиентите треба да се информираат во Банката од која експозитура треба да ја подигнат својата платежна картичка
- информацијата од каде треба да ја подигнат картичката може да ја добијат на телефонскиот број 02/3203-555, или пак во некоја од експозитурите на Банката
- постојните клиенти на Банката, новата картичка ќе може да ја подигнат во својата матична експозитура
- клиентите на кои Банката им отвори трансакциска сметка за оваа намена, информацијата за местото на подигнување на картичката може да ја добијат на телефонскиот број 02/3203-555.

Сите дополнитени информации поврзани со издавањето на домашната платежна картичка, клиентите може да ги добијат на горенаведените телефонски броеви, или во експозитурите на банката.

Важни информации:
- За картичките не се аплицира и не се поднесува никакво барање.
- Картичките се издаваат единствено лично на корисникот на финансиска помош, со важечки документ за идентификација (лична карта или пасош).
- Важни информации за корисниците: www.kupuvamdomasno.gov.mk

Користење на картичката:
Корисниците на финансиска поддршка, Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе може да ја користат согласно Уредбата со законска сила од денот на приемот на картичката заклучно со законски предвидениот рок од страна на Владата на РСМ. По истекот на предвидениот рок, престанува можноста за користење на финансиската поддршка согласно Уредбата со законска сила.
Финансиската поддршка не може да се користи со употреба на кој било друг платен инструмент, освен со Домашната платежна картичка „Купувам домашно“, согласно Уредбата со законска сила.
Картичката нема да може да се користи за:
- подигање готовина од банкомати или со налог за исплата на готовина на шалтерите на банките,
- конверзија во странска валута или како замена за готовина,
- плаќања производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали, подигнување готовина на банкомати и други терминали, опслужувани од нерезиденти и/или резиденти, вршители на дејност надвор од територијата на државата,
- пренос на парични средства кон други сметки во банката издавач на ДПК и/или кон други сметки кај друг носител на платен промет, независно дали е тоа сметка на лицето корисник на финансиската поддршка или е сметка на друго физичко и/или правно лице,
- плаќање за македонски производи и услуги кои не ги исполнуваат дефинициите од Уредбата со законска сила,
- плаќање на правни и физички лица кои не го исполнуваат условот за вршење дејност согласно Уредбата со законска сила.

Надоместоци:
На наменската сметка отворената за исплата на финансиска поддршка, Банката:
- нема да наплатува надоместоци за издавање на Домашната платежна картичка,
- нема да наплатува членарина за првата година на важност на картичката,
- нема да наплатува надоместоци за отворање, водење, управување, одржување и слични надоместоци за сметката поврзана со картичката, до крајот на 2020 година,
- нема да врши уплати во периодот од издавањето на картичката до истекот на рокот за користење на финансиската помош.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.