Привремено затворена експозитурата во Кисела Вода

Скопје, 30.03.2020 година - Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиенти на банката физички и правни лица од Кисела Вода и регионот дека поради моменталната вонредна состојба поврзана со вирусот КОВИД-19 почнувајќи од 01.04.2020 година (среда) до 30.04.2020 година, експозитурата на банката во Кисела Вода ќе биде привремено затворена.

Сите активности на експозитурата се пренасочени во експозитурата Централа, со адреса на ул. Даме Груев бр.1 - Скопје (електронска пошта: centrala@silkroadbank.com.mk, телефонски броеви за контакт: 02/3289-558 или 02/3289-547).

Останатите експозитури на банката лоцирани во Скопје и на целата територија на државата продолжуваат да работат со непроменето работно време, секој работен ден од понеделеник до петок, 08:30 до 16:30 часот.

Согласно со преземените мерки за спречување на ширење на заразата препорачуваме посета на експозитурите на банката само во случај на неодложна потреба за посета. За вршење на трансакции на располагање ви е електронското и мобилно банкарство, каде што во тек е промотивен период до 19.04.2020 година без еднократен надоместок од 500 денари за користење на можноста за вршење на плаќања за сите постојни и нови корисници.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.