Поврат на средства и до 20% со American Express новогодишната кампања


По повод претстојните новогодишни и божиќни празници во период од 24-ти декември до 31-ви декември започнува големата предновогодишна шопинг кампања со American Express картичките на Силк Роуд Банка АД Скопје.


 


Сите корисници на American Express картичките издадени од банката со секоја трансакција направена на ПОС терминал во период од 24.12 до 31.12.2019 година во подолу наведените продавници добиваат и до 20% поврат на средствата од направената сметка.

 

Продавниците кои се вклучени во оваа новогодишна шопинг кампања се следниве:

-          Fashion Group (Women’secret, Geox, Springfield, Parfois, Okaidi, Mango, Superdry и Timberland) - 10%,

-          Крш Koмерц – 15%,

-          Sara Fashion – 20%

-          Еликсир парфимерии – 20%, и

-          B-WATCH  – 15% поврат на средствата.

 

Повратот на средствата се однесува за сите артикли во продавниците на горенаведените брендови, без ограничување.




Силк Роуд Банка на сите постојни и идни клиенти и корисници на American Express картички им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници.

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.