Проект за Скрининг на дијабетес тип 2 кај здрава популација




По повод Светскиот ден на дијабетесот, кој секоја година се одбележува на 14-ти ноември, Здружението на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, организира акција за мерење на гликемии на гладно кај индивидуи без претходна историја за дијабетес. Целта на оваa акција е зголемување на свеста во однос на дијабетесот, компликации кои би можеле да произлезат, како и неговото влијание на секојдневниот живот.
На ден 01.11.2016 година Силк Роуд Банка АД Скопје учествуваше во проектот за Скрининг на дијабетес тип 2 кај здрава популација организиран од Научното Здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија во договор со ЈЗУ Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни заболувања (поддржан од Министерство за здравство). Проектот вклучи вработени во Банката (без претходна дијагноза за дијабетес) на возраст од 25 до 65 години со цел одредување на гликемија (крвен шеќер) на гладно со глукометар кој резултатите ги дава на лице место за 5-10 секунди.
Истовремено, испитуваните вработени пополнија краток анонимен прашалник, кој се однесува на нивните навики за исхрана и нивната физичка активност. Деталните резултати од проектот ќе бидат дополнително објавени од страна на здружението по завршувањето на проектот во текот на наредните месеци.


СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање