Оглас за вработување на Референт за деловни односи со клиенти во Служба за корпоративно работење во Силк Роуд Банка АД Скопје


СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНИ ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ, во Служба за корпоративно работење.

Ø  Дел од работните задачи на референт за деловни односи за клиенти во Служба за корпоративно работење се следните:

  • Анализи и обработка на финансиските податоци за клиентите, подготовка на кредитни предлози со комплетна анализа на клиентот и доставување на истите до соодветните служби;
  • Подготовка на кредитно рангирање на кредитниот ризик на клиентот во соработка со кредитните референти. Преговарање, во рамки на надлежноста, за условите за соработка со клиентите;
  • Оценка на кредитни барања и креирање соодветни извештаи;
  • Учество во работата на банката, во случај кога се одобруваат кредити/заеми, во согласност со ограничувањата и надлежностите, дадени во постапката за одобрување и др.
  • Надзор врз зголемувањето на приходите преку растење на соработката со постојните клиенти и привлекувањето на нови клиенти;
  • Следење на активностите на пазарот и конкуренцијата со цел да се најдат можности за понатамошен напредок во работењето;
  • Постигнување на таргетите за пораст/продажба, приходи и задоволство на клиентите, на начин поставен од Управниот одбор на банката;

 

Ø  Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома пожелно, по можност во банкарство, финансии или друга релевантна област;
  • Посета на образовни програми, соодветни за предметното работно место;
  • 3 (три) години искуство пожелно, по можност во банкарство или друг финансиски сектор
  • Многу добро познавање на даночниот систем, сметководството и анализа на финансиската состојба;
  • Многу добро познавање на прашањата поврзани со пазарот на средства/капитал;
  • Познавање на продажни техники и маркетинг;
  • Познавање на MS Office;
  • Многу добро познавање на англискиот јазик;

·         Добро познавање на банкарските производи;

·         Добри организациски и комуникациски вештини;

  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Добри преговарачки вештини;
  • Флексибилност;
  • Иницијативност;
  • Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на банката.

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@silkroadbank.com.mk со задолжителна назнака за референт за деловни односи со клиенти, најдоцна до 10.02.2023 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата  privacy@silkroadbank.com.mk

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.