Оглас за вработување Раководител во Силк Роуд Банка АД Скопје - ЕКСПОЗИТУРА СКОПЈЕ


СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа на експозитури.   

Ø  Дел од работните задачи на раководител на експозитура во Служба за мрежа на експозитури се следните:

  • Одговорност за постигнувањето на целите во експозитурата и следење на напредокот со давање предлози за остварување на деловните цели;
  • Овозможување поддршка на функционирањето на експозитурата, во соработка со соодветните служби на банката, со цел правилно работење и континуирано подобрување на експозитурата;
  • Реализација на таргетите за пораст на продажбата, приходите и одржување квалитетно ниво на услуга на клиентите;
  •  Организација на тимот со цел навремено и прецизно функционирање во работењето на експозитурата и развој на банкарските активности;
  • Соработка со корпоративниот сектор и службата за производи и поддршка на продажбата за можностите за вкрстена продажба;
  • Анализа на пазарните можности во географската област што ја покрива експозитурата и истражување на можностите за деловен развој;
  • Подготовка на извештаи за напредокот на продажбата во експозитурата, идентификација на критични прашања, со предлози за подобрување;
  • Одговорност за примена на политиката за спречување на перење пари и финансирање тероризам во секојдневните деловни активности;
  • Анализа на кредитното портфолио на експозитурата и континуирано преземање активности за намалување на стапката на нефункционални кредити на најниско ниво;
  • Грижа за усогласеност со правилата, прописите и процедурите на банката.

 

Ø  Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

·             Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство

·             3 години работно искуство, по можност раководна позиција во банкарски или друг финансиски сектор

·             Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

·             Одлично познавање на англиски јазик

·             Добро познавање на локалниот пазар

·             Добро познавање на банкарските производи

·             Добри организациски и комуникациски вештини

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@silkroadbank.com.mk со задолжителна назнака за раководител на експозитура во Скопје, најдоцна до 07.02.2023 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата  privacy@silkroadbank.com.mk

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.