Соопштение за исплата на паричните права од социјална и детска заштита
Скопје, 31.05.2020 - Силк Роуд Банка почнувајќи од 02.06.2020 година (вторник) ќе започне со исплата на паричните права од социјална и детска заштита за месец мај за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивните денарски трансакциски сметки во банката.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата на благајните во експозитурите на банката ќе биде организирана во три групи во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
-Вторник, 02.06.2020 г. – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
-Среда, 03.06.2020 г. – И, Ј, К,Л, Љ, М, Н, Њ, О;
-Четврток, 04.06.2020 г. – П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Сите корисници кои немаат картичка, при подгнувањето на средствата ќе можат бесплатно да аплицираат за дебитна картичка со која во иднина ќе можат да подигнуваат готовина и да вршат безготовински плаќања на сите продажни места, без потреба од посета на експозитура.