БЕЗ ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕСТОК ДО 19.04.2020 ГОДИНА ЗА СИТЕ ПОСТОЈНИ И НОВИ КОРИСНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО БАНКАРСТВО

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите постојни и идни корисници на електронското банкарство за физички лица дека имајќи ги предвид преземените мерки и настанатата ситуација на целата територија на државата, сите корисници до 19.04.2020 година се целосно ослободени од плаќање на еднократен надоместок од 500,00 МКД за користење на можноста за вршење на електронски трансакции преку компјутер или мобилен телефон.

Креирањето на нов кориснички профил и пристап до електронското банкарство се врши на следниов линк https://bit.ly/39ZLXmO со едноставна најава со корисничко име и лозинка. Мобилната апликација може да се преземе бесплатно директно од Google Play за мобилни уреди на Android платформа или од App Store за мобилни уреди на iOS платформа.

Со користење на електронското банкарство сите плаќања во државата и странство, плаќања на режиски трошоци и фактури може да се вршат од дома во било кое време без потреба од посета на експозитура на банката. 

Дополнително, заради превенција од евентуално пренесување и ширење на заразата, Ве советуваме да се намали употребата на готовина, а да се зголеми користењето на платежните картички покрај останатите електронски начини на извршување на трансакциите. 

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.