Правни лица > InnovFin

InnovFin

Силк Роуд Банка, со цел да ја зајакне конкурентноста на компаниите во РМ, потпиша договор за соработка со Европскиот Инвестиционен Фонд (ЕИФ) и учество во InnovFin гарантната шема, кој нуди ексклузивна можност за полесен пристап до финансиите за малите и средни претпријатија преку InnovFin гарантната шема.

Финансирањето е поддржано од страна на InnovFin МСП гарантната шема, со финансиска поддршка на Европска Унија под покровителство на финансиските инструменти од “Horizon 2020” и Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции, во рамки на Инвестицискиот План за Европа.

InnovFin програмата е наменета за иновативни, мали и средни претрпијатија во сите економски индустрии и правни форми кои ги задоволуваат условите.

Преку InnovFin програмата, Силк Роуд Банка овозможува континуирана поддршка на развојно ориентирани клиенти и овозможува подобрување на нивната конкурентност. Програмата е насочена кон олеснување на пристапот на мали и средни претпријатија до финансии за иновативни проекти. Наменета е за развојни ориентирани компании и иновативни проекти , компании кои вложуваат во современи технологии, енергетска ефикасност и го унапредуваат своето работење.

Под иновација се подразбира инвестиција која е нова за компанијата и која придонесува за модернизација на процесите, економичност и ефикасност
ПРЕДНОСТИ
  • Кредитирање на иновативни проекти
  • Привилегирана каматна стапка


НАМЕНА НА ФИНАНСИРАЊЕ
  • Долгорочни финансирања на инвестиции во материјални и нематеријални средства
  • Среднорочни финансирања на обртен капитал за развој и ширење на бизнисот
  • Краткорочни финансирања з обртни средства поврзани со редовното работење на компаниите
ИЗНОС
  • Минимален износ од ЕУР 25.000, максимален ЕУР 1.500.000
РОК
  • Инвестициски кредити – до 120 месеци
  • Кредити за обртен капитал за развојни потреби – до 72 месеци
  • Кредити за обртен капитал со крајна отплата – до 36 месеци
  • Револвинг кредитна линија – обновување на 12 месеци до максимум 3 години


За сите детали можете да се обратите во експозитурите на Банката (линк) и Службата за корпоративно работење на тел: 3289 – 551, 3289 - 555

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.